Вардар со реми го заврши своето учество во Лига Европа

Вардар одигра реми против Розенборг со 1-1 на домашен терен во шестото, последно коло од групата „Л“ во дебитантската сезона од Лига Европа.
Пет порази, и едно реми, тоа е севкупниот учинок на крајот од групната фаза за црвено-црните.

Црвено-црните добро го почнаа мечот, а голот дојде во 9. минута, најнапред Николов испрати топка кон казнениот простор на гостите, истата ја прифати Итало кој одлично се загради и ја смести во голот на Розенборг.

Во самиот финиш од првите 45 минути игра, Барсегјан имаше голема грешка кога од средината на теренот се обиде да ја врати топката назад до Гачевски, тоа го стори доста лошо, а на таа топка натрча Адегбенро.

Нигериецот беше незапирлив во дуелот со Новак, Украинецот немаше никакви шанси во оваа прилика а Гачевски на крајот го „собори“ во казнениот простор при што беше досуден удар од белата точка.

Сигурен реализатор беше Никлас Бендтнер за 1-1 од првото полувреме.

Резултатот 1-1 остана се до крајот на средбата, а Вардар го освои првиот бод во дебитантската сезона од Лига Европа.

Славниот актер и рокер доживеа нова трансформација (фото)

Познатиот холивудски актер и музичар, миленик на понежниот пол, Џони Деп, кој во последните години најчесто го гледаме во улогата на капетанот Џек Спероу во филмскиот серијал „Пирати од Карибите“, често во текот на кариерата го менуваше имиџот.

Секогаш обидувајќи се неговиот изглед да биде повпечатлив и автентичен, Деп овојпат се одлучи за нешто подрастична промена.

Eден од поновите проекти на Деп е хард рок бенд, поточно супергрупа, „Hollywood Vampire”, која ја формираше во 2015 година со познатите музичари, пејачот Алис Купер и гитаристот Џо Пери.

На актуелната турнеја на бендот, актерот и гитаристот, тргна со нова фризура.

 

Canada the other night

A post shared by Johnny Depp (@johnnydeppofficial) on

На аукција најстарите вина на светот – цени и до 20.000 евра

Во Франција на аукција наскоро ќе се најдат три шишиња од жолтото вино „Арбоа“ од 1774 година, кое спаѓа меѓу најстарите вина во светот.

Во Франција на аукција наскоро ќе се најдат три шишиња од жолтото вино „Арбоа“ од 1774 година, кое спаѓа меѓу најстарите вина во светот.

Аукциската куќа „Жира Еншере“, вредноста на вината по шише ја проценува на околу 15.000 до 20.000 евра, пренесува „Ројтерс“.

„Експертите во 1994 година го пробаа ова вино и му дадоа оцена 9.4 од можните десет“, изјави акционерот Филип Етјеван.

Слично шише со вино во 2011 година се продаде за 57.000 евра на аукција.

Јадењето брза храна го зголемува нивото на фталати во телото

Ако сте љубители на хамбургери и пици, имаме лоши вести – тие можат да ви го нарушат здравјето повеќе отколку што очекувате.

Јадењето брза храна ги изложува луѓето на 40% повеќе штетни хемикалии познати како фталати, тврди новото истражување.

Фталатите се користат за омекнување и зголемување на флексибилноста на пластиката.

Забранети се при изработка на играчки, бидејќи се потенцијално токсични. Овие хемикалии можат да го нарушат хормоналниот баланс и се поврзани со клинички состојби како астма и аутизам.

Истражувањето е едно од првите кои го третираат проблемот. Претходните истражувања покажуваа дека хемикалиите можат да навлезат од пластичните пакувања и да ја загадат храната.

Истражувањето анализира примероци од урина на 8877 учесници, консумирале различни видови храна во последните 24 часа. Утврдено е дека храната е со брза храна и имаат 40% повеќе од еден специфичен фталат. Меѓу потрошувачката на брза храна се различни видови леб, колачи, пица, бурита, ориз и нудли.

Сподели

притисни ентер