Палестинскиот претседател не сака да се сретне со Пенс

Мајк Пенс нема да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас за време на турнејата на американскиот заменик-претседетел низ регионот.
Пенс побарал средба на 19 декември во Витлеем, но висок претставник на Фатах кажа дека таква средба нема да има и дека Пенс е непосакуван во Палестина.


„Таква средба нема да има. Пенс не е добредојден во Палестина“, изјавил Џибрил Раџуб, висок претставник на Фатах.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс потенцира дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, не е сигнал дека САД се повлекуваат од мировниот процес.

„Не знам која друга земја се подготвува да го следи нашиот пример“, изјави Сандерс, додавајќи дека не е запознаена со плановите на другите земји.
Архива на вестиОстави коментар

Министерот Никола Димитров се сретна со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Според соопштението на МНР ,на средбата се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ООН.

МИнистетот Димитров изјави : „Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор”.

Димитров, во седиштето на ООН во Њујорк имаше средба и со Розмари А. Дикарло, Потсекретар за политички прашања во ОН, на која беше реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции.  

„Созревањето на Република Македонија и решителноста за градење европска демократија е вистинска шанса за демократски пробив во Европа.”, рече Димитров по средбата. 

Загинати и повредени во силна експлозија во склад за пиротехника (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина и уште 27 се повредени во силна експлозија во склад за пиротехника во Шпанија.

Експлозијата настанала во илегален склад за пиротехника на северзапад на земјата , во близина на градот Туи. Полицијата соопштува дека експлозијата била толку силна што се искршиле прозорците на сите објекти во радиус од три километри.

На терен се бројни спасувачки служби , кои бараат преживеани во урнатините. Градобначалникјот на Туи , Васкез Падин изјави дека складот се наоѓал во куќа , која е целосно разорена.

Судот му забрани на Трамп да блокира на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе нема да смее да ги блокира корисниците на Твитер.

Федералниот судија во Њујорк , Наоми Рејс Бучвалд донесе одлука Американскиот претседател Доналд Трамп да не смее веќе да ги блокира корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Според одлуката на судијката со таквиот потег Трамп го загрозува нивното право на слобода на говор , пропишано во Првиот амандман од Уставот на САД. Одлуката е донесена како резултат на тужбата , која во јули минатата година против Трамп ја поднесе Институтот на Универзитетот Колумбија , кој се занимава со проучување на примената на Првиот амандман на Уставот на САД .

На Институтот во тужбата му се приклулија и неколку корисници на Твитер , кои биле блокирани од претседателот Трамп по коментарите што ги објавиле на неговите објави.

притисни ентер