Саљији: Контролата на АКМИС системот во три суда покажа бројни неправилности

Во Основниот суд Скопје 1 постојат 860 предмети во кои нема доделен судија што ја доведува во прашање точноста на статистичките податоци во месечните и годишните извештаи за работата на судот и на судиите што се доставени до повисоките судови, Судскиот совет и Министерството за правда.

Ова е констатирано во извештајот на Работната група формирана од Министерството за правда за увид во примената на одредбите од Законот за судовите и Судскиот деловник во Основниот суд Скопје 1, Апелациониот суд Скопје и Врховниот суд.

Увидот во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите, односно во АКМИС системот за 2016. и 2017 година, како што информира министерот за правда Билен Саљији на денешната прес конференција, беше спроведен на 5. и 10 октомври годинава во Основниот суд Скопје 1, на 9 ноември во Апелацискиот суд Скопје и на 17 ноември во Врховниот суд.

Предмет на увид, во сите три суда, посочи, беа процедурите за функционирање на АКМИС, годишниот распоред на судии, процедурата за исклучување на судија од автоматска распределба и прераспределба на предмети, сите одлуки за рачна распределба на предмети.

- Увидната работна група констатираше недоследност во примената на Законот за управување со движењето на предметите во судот и Судскиот деловник како и недоследност во користењето на АКМИС –от во Основниот суд Скопје 1 и во Врховниот Суд. Во Апелацискиот суд во Скопје е констатирано дека Законот за управување со движењето на предметите во судот и Судскиот деловник се применуваат, АКМИС-от е имплементиран и редовно се користи освен во делот за судска управа, посочи Саљији.

Најмногу неправилности, информира, имало во Основниот суд Скопје 1 каде годишен план за управување со движењето на предметите во судот е деносен само во 2013 година, не е формирано Работно тело за управување со движење на предметите во судовите, не се донесени внатрешни процедури за одделни процеси при управување со движењето на предмети во судот, годишниот распоред за работа на судот за 2016 и 2017 година е менуван често и не е испочитувана процедурата за негово донесување,.... Најмалку има во Апелацискиот суд Скопје каде е констатирано дека основниот предмет се заведува во АКМИС, но сите дополненија на предметот не се заведуваат туку се зема бројот на основниот предмет и предметот се чува во регистар. Кај Врховниот суд меѓу другите забелешки стои и дека АКМИС-от се применувал според претходно применета рачна прераспределба на предмети за што постои писмена одлука од Претседателот на судот но таа не е во согласност со одредбите на Судскиот деловник. На овој начин наместо случаен избор на судија се добива очекуван избор на судија.

- Целта на извршениот увид е по укажувањето за лоцирани недоследности да се корегираат од страна на надлежните судови со цел да се воспостави исклучителна професионалност во работењето на судовите и враќање на дигнитетот и кредибилитетот на судските институции, потенцира Саљији и додаде дека извештајот од извршениот увид ќе биде доставен до надлежните институции за да постапат согласно нивните надлежности.

Одговарајќи на прашање посочи дека барање за извештајот во кој има и класифицирани информации доставиле и од СЈО и потенцира дека согласно процедурите ќе биде доставен и таму.

Најави дека Министерството за правда и во иднина ќе воспостави пракса на перманентен увид во функционирањето на АКМИС-от и спроведувањето на одредбите од Судскиот деловник и дека увидот ќе продолжи и во останатите судови низ Македонија. /МИА

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума. /МИА

Бајден со помош на Обама и Клинтон собра рекордни 25 милиони долари за својата кампања

 Кампањата за собирање средства за американскиот претседател Џо Бајден со поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон генерира над 25 милиони долари, најголема собрана сума досега во историјата на САД.

Бајден синолќа со Обама и Клинтон учествуваше во дискусија во познатата њујоршка „Радио сити мјузикл хол“, модерирана од водителот на „Лејт шоу“ (The Late Show) Стивен Колбер.

Но, настанот неколку пати беше прекинуван од демонстрантите во салата, кои скандираа против политиката на Бајден за поддршка на Израел во војната со Хамас. Еден од демонстрантите извика „Срам да ти е, Џо Бајден“. Тие исто така го прекинуваа и говорот на Обама.

Демонстрантите го прекинаа и настапот на музичарите Квин Латифа, Лизо, Бен Плат, Синтија Ериво и Леа Микеле.

Влезниците за вчерашниот предизборен митинг на Бајден чинеа од 250.000 и 500.000 долари. Дел од донаторите позираа со претседателите, а фотографиите ги направи славната фотографка Ени Лејбовиц. /МИА

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

притисни ентер