Познати добитниците на наградите ,,Свети Климент Охридски “

Со низа свечености почна чествувањето на ликот и делото на сесловенскиот просветител ,,Свети Климент Охридски“.
Народната и универзитетска библиотека чиј патронен празник е празникот поврзан со  Свети Климент Охридски ја одбележа 73 годишнината од своето постоење како вреден трезор на домашната и светската книжевна мисла со над три милиони примероци. За годишнината, владата , министерството за култура, институтот за македонски јазик и НУБ ,, Свети Климент Охридски, на граѓаните им го подаруваат правописниот речник во електронска форма како моќна алатка за правопис на македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет, вели министерот за култура Алаѓозовски.

Во рамките на свеченоста бил направен омаж за 110-годишнината од раѓањето на најдолгогодишниот директор на НУБ ,, Свети Климент Охридски,, Митко Зафировски. Вечерва ќе се одржи и свечена академија а утре во чест на сесловенскиот просветител ќе се додели државната награда ,, Свети Климент Охридски “ за највисоко признание и долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството  заштитата и унапредувањето на човековата околина  и во социјалната дејност од јавен интерес на република Македонија и тоа на: професор доктор Венко Андоновски професор и писател , проф. Др. Наим Алими историчар а наградата во областа на културата и и уметноста им се доделува  на Гарабет Тавитјан, на професор доктор Јордан Плевнеш  и на филмологот Илинденка Петрушева . 


Фирма чии ко-сопственик е Анѓушев добила 160.000 евра од Фондот за иновации

Фондот за иновации додели 160.000 евра на сметката на Каст Инвест, компанија чиј косопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев. 

Сопственици на Каст инвест се компанијата Брако, на Анѓушев, Митко Кржовски и Владо Атансовски.  Од кабинет велат дека нема ништо спорно во ова, затоа што Анѓушев со стапувањето на функцијата вицепремиер за економски прашања се повлече од управувачките функции во сите компании каде што има сопственички капитал.

Вицепремиерот Анѓушев  на јавноста и го презентираше анкетниот лист и се што поседува – со што покажа транспарентност и отвореност дека нема што да крие. Во врска со целиот процес што го води Фондот за иновации и технолошки развој Ве информираме дека е воспоставен двостепен систем за евалуација и селекција на доставените проекти од страна на стручни и независни комисии по јасни критериуми кои се еднакви за сите компании што учествуваат на повикот и не фаворизираат ниту еден правен субјект, соопшти кабинетот  на Кочо Анѓушев.

Директорот на Фондот за иновации вели дека процесот бил транспарентен и сите потенцијални апликанти биле информирани преку јавен повик кој траел 45 дена. Вели дека системот на оценување е поставен да оневозможи влијание на било кое лице, вклучително и функционер.

Во самата фаза има  два дела, првиот е предселекција каде што апликацииите се разгледуваат од надворешни лица кои се бираат на јавен повик, каде се одлучува дали апликацијата ќе помине во следната фаза во која одлучува комитет за одобрување на инвестиции , кој е составен од 5 странски експерти, чија што одлука е финална.

-Целиот процес го вршат лица кои немаат врска со политиката, сопственичката структура не е важна во критериумите..

Останува прашањето дали позицијата сопственик на компанијата “Брако” не го става  вицепремиерот во класична позиција на судир на интереси, нешто слично на конкурирањето на тендерот со “ЕЛЕМ” пред повеќе од една година, кога по притисокот од јавноста тој се повлече.

Директорот на фондот  вели дека на првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од планот за економски раст грантови добиле 80 фирми, во вкупна сум а од 10 ипол милиони евра.

Данев: Повторно се злоупотребува европското знаменце и Комисијата за европски прашња

Повторно, како и со Законот за јазици, така и со Изборниот законик мнозинството грубо го злоупотребува европското знаменце и Комисијата за европски прашња, обвини денеска Драган Данев. 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија. 

- Изборниот законик во Република Македонија никогаш не се носел без консултации со опозицијата и никогаш не се разгледувал на Комисијата за европски прашања. Овој закон нема никаква допирна точка со Комисијата за европски прашања и со усогласување на нашето законодавство со законодавствто на ЕУ. Токму затоа и на овој закон никаде нема наведено изворен акт со што се усогласува, изјави Данев.

Нагласи дека секогаш кога парламентарното мнозинство сака нешто да протурка набрзина и на мала врата го користи европското знаменце и Комисијата за европски прашања.

- Според логиката на Владата и парламентарното мнозинство сите држави во Европската унија имаат исти изборен систем, иста изборна комисија и ист изборен законик, а ние како држава само треба да го усогласиме со нивниот, што е апсурдно и смешно. Предупредуваме дека ваквото своеволно и неделовничко однесување, однесувајќи се како Собранието на Република Македонија да е приватна институци ќе има понатамошни последици за демократијата во земјава, посочи Данев.

Тој рече дека парламентарното мнозинство го приватизира Собранието и оти на СДСМ и ДУИ веќе им премина во навика да го кршат Уставот на Република Македонија, законите и Деловникот за работа на Собранието.

- Скандалозно, неделовнички и со двојни аршини е однесувањето на претседателот на Комисијата за европски прашања. Во Собранието на Република Македонија не важи ниту едно правило, ниту една процедура, важи само волјата и желбите на СДСМ и ДУИ, рече Данев. 

Конечно отворен малиот групен дом во Тимјаник

Во Тимјаник по сите непотребни скандали конечно се отвори малиот групен дом за дечиња.

Мартина, Аделина, Никола и Антонио, четири деца со попреченост добија нов живот, откако денеска беше отворен малиот групен дом во неготинското село Тимјаник.

Тие овде се како едно мало семејство, откако го напуштија специјалниот завод демир капија, во рамките на процесот за деинституционализација.

Како што рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, тие сега добија подостоинствен живот.

притисни ентер