Филмови на Мите Грозданов во Кинотека

Кинотеката на Македонија од денеска до 13 декември ќе прикажува филмови во кои Мите Грозданов учествувал активно како актер, но и како режисер.

Поводот се 50 години професионализам и 63 години аматеризам на пензионираниот доајен на македонското актерство.

Вечер ќе биде прикажан филмот „Црно семе“ на Кирил Ценевски, а во наредните денови „Истрел“ на Бранко Гапо, „Мите-Коштан-Гркљан“ во кој Грозданов е и актер и режисер, потоа „Глужд во времето“, „Еурека: Сократ“, „Еурека: Михаил Шолохов“, „Народни трибуни: Димитар Поп-Георгиев Беровски“, „Коледе - Мирче, Лаве, Струја, Огин и Мите...“

Пред вечерашната проекција на „Црно семе“, Кинотеката од 20 часот ќе го прикаже 16-минутниот филм „Охридскиот светилник - Климент Охридски“ по повод утрешниот државен празник. 

Лажниот премир на Ерменија го насамарил Борис Џонсон (ВИДЕО)

Британскиот министер за надворешни работи наседнал на руски комичари ,од  кои едниот се претставил дека е премиерот на Ерменија.

Лажниот премиер на Ерменија , а всушност руски комичар  , кој го објави разговорот на социјалните мрежи , се консултирал со Бритаскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон за наводната средба со Путин.

Џонсон , кој поверувал дека се работи за новиот Ерменски премиер Никола Пешинијан , му честитал на победата на изборите. Од другата страна лажниот премиер го известил Џонсон дека наскоро во Сочи ќе има средба со Путин и го прашал што да прави.

На тоа Џонсон го советувал : ,, Многу е важно , господине премиер , да не избие нова Студена војна .” Џонсон се насмеал кога соговорникот ја пофалил неговата навредлива песничка против Ердоган .

Сепак , најголемиот дел од 18 минутнииот разговор , тој е убеден дека разговара со премиерот на Ерменија. Дури по 14 минути разговор , Џонсон сакал да го прекине разговорот и рекол ,,Многу ви благодарам премиере !”.

Сето ова било местенка на руските комичари Алексеј Столиаров и Владимир Кузњецов , познати на интернет по имињата Вован и Лексус.

Ципрас до Бутарис: Тоа што не те убива, те прави посилен

Тоа што не те убива те прави посилен, му рече грчкиот премиер на солунскиот градоначалник на почетокот на нивната средба во Солун, во врска со нападот врз Јанис Бутарис минатата сабота.

И Ципрас и Бутарис, по средбата, рекоа дека не станува збор за случаен, туку организиран инцидент, а грчкиот премиер го карактеризираше како „убиствен напад“.

- Нападот врз Јанис Бутарис не беше случаен и изолиран инцидент, туку планиран и организиран напад. Градоначалникот на Солун немаше ништо од претходно со луѓето што го нападнаа. Не беше прв пат на манифестацијата во чест на пондијскиот хеленизам, секоја година присуствува, рече Ципрас и ја изрази неговата поддршка за Бутарис за „убиствениот напад од организирани сили од радикалната десница“.

Солунскиот градоначалник му се заблагодари на грчкиот премиер за поддршката и рече дека она што го помина минатиот викенд не беше случајно.

- Јасно е дека беше организирано, Не знам која им беше крајната цел. Но она што знам е дека нема да оставиме да помине така. Трите „војничиња“ што беа казнети со затвор се само “играчки“. Она што е важно е да стигнеме до коренот, да видиме од каде почнува, рече Бутарис и додаде дека Солун треба да стане пример за демократски град.

Солунскиот градоначалник во саботата за време на одбележувањето на годишнината од геноцидот на пондијските Грци најпрво вербално нарекувајќи го „предавник“, а потоа и физички со пластични шишиња беше нападнат од група граѓани во центарот на Солун.

Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на министерскиот дијалог меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција во Брисел

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија,  Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски, присуствуваа на министерскиот дијалог помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција во Советот на ЕУ, во Брисел.

Овој дијалог, секоја година се одржува во рамки на Програмата за економски реформи на земјите-кандидати.

Споредм соопштението на Народната банка на РМ,на состанокот, земјите од ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција ги усвоија заедничките заклучоци од овогодинешниот економски и финансиски дијалог. Заклучоците содржат позитивни оценки за поставеноста на монетарната политика, стабилноста и остварувањата на банкарскиот систем, вклучително напредокот во однос на намалувањето на степенот на евроизација на билансите на банките и на нефункционалните пласмани. Земјите на ЕУ, Европската комисија и Европската централна банка препорачуваат да продолжи стратегијата на стабилен девизен курс, која е во прилог на одржувањето на ценовната стабилност во економијата.

Имплементацијата на стратегиите за управување со нефункционални пласмани и деевроизација, кои беа претходно препорачани во рамки на овој дијалог и тековно се во процес на консултација со други релевантни институции, во иднина се очекува да придонесат за натамошно подобрување на монетарната трансмисија и на кредитирањето на приватниот сектор

притисни ентер