Мапа на странски јазици: За колку недели ќе научите најлесно некој нов јазик? (фото)

Сакате да научите некој странски јазик, но не сте сигурни колку време ќе ви одземе таа активност додека не постигнете некое пристојно ниво?
Одговорот побарајте го во оваа мапа.



Поедини јазици се од групата романски и германски јазици, како францускиот, италијанскиот, шпанскиот, шведскиот и норвешкиот, секако се најлесни за учење. За нив ќе ви бидат потребни 23-24 недели учење, односно 575-600 часа.

Германскиот е единствениот јазик што е сместен во втората категорија, бидејќи е нешто потежок (30 недели или 700 часа учење) додека во третата категорија спаѓаат индонезискиот, малезискиот и свахили (36 недели или 900 часа учење).

Македонскиот јазик, како и јазиците на нашите соседи се вбројуваат во четвртата група, за која е потребно 44 недели, односно 1100 часа учење. Во истата група се наоѓаат турскиот, рускиот и грчкиот јазик.

Доколку планирате да учите јапонски, кинески, корејски или арапски јазик, спремете се за 2 години напорна работа или 2200 часа, бидејќи тие се најтешки и спаѓаат во V категорија.


I категорија (23-24 недели или 575-600 часа)

• Африканс
• Дански
• Холандски
• Француски
• Италијански
• Норвешки
• Португалски
• Романски
• Шпански
• Шведски

II категорија (30 недели или 750 часа)

• Германски

III kategorija (36 nedelja ili 900 sati)

• Индонезиски
• Малезиски
• Свахили

IV категорија (44 недели или 1100 часа)

• Албански
• Бенгалски
• Босански
• Бугарски
• Чешки
• Естонски
• Фински
• Грузиски
• Грчки
• Хебрејски
• Хинду
• Хрватски
• Исландски
• Ерменски
• Кмерски
• Летонски
• Литвански
• Унгарски
• Македонски
• Монголски
• Непалски
• Персиски
• Полски
• Руски
• Српски
• Словачки
• Словенски
• Тагалог
• Тајландски
• Турски
• Украински
• Урду
• Узбекистански
• Виетнамски
• Зулу

V категорија (88 недели или 2200 часа)

• Јапонски
• Кинески
• Корејски
• Арапски

Народен собир посветен на Св. маченица Недела

Во скопското село Горна Матка во манастирскиот комплекс Свети Спас и Марков град, односно Света Недела, денеска ќе се одржи Народен собир посветен на оваа маченица.

Церемонија ќе почне во 9 часот со света литургија во остатоците на еднокорабната црква Св.Недела, која потоа ќе продолжи во комплексот Свети Спас. Кумот и Црковниот одбор на Свети спас за одбележувањето на утрешниот верски празник обезбедија соодветна програма и ручек за гостите.

Црквата Света Недела во Горна Матка е мала, еднокорабна, куполна црква за што сведочат остатоците од сводовите на некогашната купола. Анализата направена на фреските и самата архитектура потврдуваат дека црквата датира од периодот меѓу 1350 и 1360 година.

Изградена е од кршен камен, делкан локален камен — варовник и керамички материјал. Според остатоци од камени сводови, може да се заклучи дека куполата се наоѓала над олтарниот дел, при што црквата имала речиси ист или сличен изглед како блиските цркви Св.Никола и Св.Андреја. На дел од ѕидините во внатрешната страна сè уште стои дел од фрескоживописот на црквата. Врз ѕидовите однатре се забележуваат скромни останки на фреско декорација со неколку светители во олтарниот дел, како и фигурата на Св.Недела која и денес може да се забележи на јужниот ѕид.  /МИА

Казахстански олимпиец убиен при обид за грабеж

Казахстанскиот олимпиец, Денис Тен, кој на зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година го освои бронзениот медал во уметничко лизгање, денеска бил убиен при обид за грабеж во Алмати.

Како што соопштија локалните власти, 25-годишниот Тен неколкупати бил избоден додека се обидувал да спречи две лица, кои краделе делови од неговиот автомобил.   

Тој бил пренесен во болница со неколку убодни рани во пределот на слабината, но по неколку часа им подлегнал на повредите.

Освен бронзениот медел од Сочи, Тен го освои среброто на Светското првeнство во уметничко лизгање во 2013 година во Лондон, како и бронзен медал од Мундијалот во 2015 година во Шангај.

Фото: Бритни во садо-мазо корсет на сцената, имаше проблеми со градникот !!

Поранешната тинејџерска музичка ѕвезда танцуваше на сцената во садо-мазо корсет, за публиката гледаше во нејзината гола града.

Светските медиуми  пишуваат за концертот во Мериленд на музичката ѕвезда Бритни Спирс, откако на Ју Тјуб се појави видео на кое јасно се гледа како Бритни повеќе од две минути џуска и танцува  на сцената со голи гради.

Бритни на концертот се појави во прилично провокативен корсет, креација на дизајнерот Марк Морант, кој повеќе откриваше отколку што покриваше. 36 годишната Бритни без разлика на тоа што на себе имаше само неколку ленти  танцуваше во ритамот на музиката, не забележа дека при енергичниот танц на својот сингл „ Do Somethin'", немирните гради излегле од тесниот концерт, што секако веднаш беше забележано од бројната публика.

Кога Бритни забележа дека нејзината брадавица е гола и непокриена веќе беше доцна. Сликите се веќе на социјалните мрежи.

притисни ентер