Зошто Ерусалим е толку важен?

BBC објави кусо видео под наслов „Зошто Ерусалим е толку важен?“ во кое зборува дека тој свет град од дамнина се наоѓа во срцето на израелско-палестинскиот спор.

Британскиот јавен сервис наведува дека толку пати сме виделе како и најмала промена врзана за овој град доведува до судири. Затоа, што се случува овде, е многу важно, наведува новинарката на BBC.

Ерусалим пред сѐ, има огромно религиско значење. Во него се најстарите светилишта и на евреите и на муслиманите и на христијаните. Но, тоа значи и дека има политичко значење.

Ерусалим Израелците го сметаат за своја најстара неподелена престолнина. Кога во 1948 година е формирана државата Израел, главните функционери на власта биле сместени токму во Ерусалим. Но, дури во војната со арапските земји во 1968 година израелските власти успеале под своја контрола да го стават и источниот дел на Стариот град, кој подоцна беше и анексиран.

Таквиот потег на Израел не доби меѓународно признание, што посебно ги фрустрираше израелските власти.

А што велат Палестинците? Секако, тие имаат друго мислење. Сакаат источен Ерусалим да биде нивна престолнина и тоа е точка на спорење на повеќедецениските мировни преговори меѓу Израел и Палестина, во кои главен збор до сега имаше САД.

Сега, кога американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го признае Ерусалим за престолнина на Израел се ќе биде поинаку.

Смислата на досегашните напори да се реши вековниот спор така што ќе се оформи палестинска граница и држава на границите на Израел според распределбата на територии од 1967 година, сега стануваат бесмислени, сметаат историчарите.

BBC потсетува дека третина од жителите на Ерусалим се од муслиманска вероисповест, а многумина потекнуваат од со векови стари фамилии кои таму живееле.

Најголемиот судир доаѓа околу изградбата на еврејски куќи во источен Ерусалим, што Палестина го смета за нелегално и спротивно на меѓународното право, а Израел не се сложува.

Меѓународни функционери со години го застапуваат ставот дека кој и да е промена околу Ерусалим мора да се донесе со преговори меѓу двете страни и мора обострано да се прифати. Затоа многу земји своите амбасади ги сместија во Тел Авив, а во Ерусалим имаат конзули.

Еден претседател сега ќе го смени тоа. Имено, Трамп е упорен амбасадата на САД да ја смести токму во Ерусалим, а таа одлука треба да ја донесе денеска. И најавата за такво нешто предизвика бурни реакции меѓу светските лидери. Најостар беше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој рече дека ако тоа се случи, тогаш Трамп ќе ја пречекори турската црвена линија.

Од Белата куќа најавено е дека Трамп денеска ќе ја соопшти одлуката, а како што стојат работите со преселувањето на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, Трамп ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел. Што ќе биде потоа, којзнае. Трамп не го интересира. Ни тоа дека Палестинците веќе ги палат неговите фотографии.

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници

Ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово, вели Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска оствари работна посета на Центарот за обука во Идризово, со цел презентирање полициско тактичко теренска обука од страна на кандидатите за полициски службеници коишто се на обука во Центарот за обука во Идризово, по што беше изведена вежба за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем. По вежбата Бојмацалиев изврши увид во текот на реконструкцијата на комплексот Центар за обука.

Како што соопшти МВР, на средба со раководството на Центарот за обука, Бојмацалиев беше информиран за генерацијата која обуката ја започна на 23.04.2023 година а која завршува на 27 април 2024 година. Вкупно кандидати се 508, од кои 416 маши и 92 женски, и досега сите успешно ги имаат завршено сите тестови. Во моментот се реализира последната активност од обуката – Логорување или полициско тактичка теренска обука, предвидена во наставната програма.

Во оваа прилика беше презентирана опремата која се користи за обезбедување на границите: BOLU – камера чијашто цел е собирање на податоци и информации, врши сликање и снимање; термална камера која се користи за ноќно наблудување за граничен надзор; Форд Рајнгер специјално моторно возило за наблудување на терен, опремено со термална- ноќна камера и дневна камера за обезбедување на државна граница, стои во соопштението.

На крајот од посетата Бојмацалиев изврши убид во текот на реконструкција на 82. објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти низ државата – целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово, по цели 53 години ги подобруваме условите во Управната зграда со мензата, двата павиљона за сместување и школски објект со придружните објекти, спортската сала, во вкупна вредност на градежните активности над 180.000.000 денари со вклучен ДДВ.

Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мерилденд

Пет тинејџери на возраст од 16 до 18 години се повредени во пукање во парк и рекреативен центар во Гринбелт, во американската сојузна држава Мериленд, а еден од нив е во критична состојба, соопштија властите.

Околу 500-600 тинејџери се собраа во Гринбелт за да ја прослават својата завршна школска година, што е широко распространета пракса во многу американски училишта.

Тинејџерите започнале „прсметка“ со водени пиштоли кога одекнале истрели.

Сообраќајните полицајци кои биле во близина веднаш пристигнале на местото на настанот, каде им помогнале на повредените ученици, а стотици тинејџери побегнале од паркот, пренесува Еј Би Си Њуз.

- Ова е ужасен, бесмислен, трагичен чин... Тоа е хронично во нашето општество и мораме да направиме нешто за да го спречиме. Тоа беа деца кои сакаа само добро да се забавуваат во локалниот парк, изјави шефот на полицијата на Гринбелт, Ричард Бауерс.

Тој информира дека сите пет жртви биле пренесени во локалните болници.

- Полицијата верува дека напаѓачот побегнал со група средношколци и во моментов не е лоциран, изјави Бауерс./МИА

Мичел би можел да го замени Гвардиола во Манчестер сити

Управата на сè уште актуелниот европски шампион и англиски првак, Манчестер сити се подготвува за заминување на Пеп Гвардиола од клубот.

Информацијата за можна разделба на „Граѓаните“ со шпанскиот фудбалски стручњак ја објавија некои англиски медиуми повикувајќи се на инсајдерот Хорхе Пикон.

Сегашниот договор на 53-тригодишниот Гвардиола е со важност до 2025 година.

Главен кандидат за замена на Гвардиола е Мичел, кој моментално е тренер на Жирона.

Сити оваа недела беше елиминиран од Реал Мадрид, губејќи на пенали во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот е лидер на табелата во Премиер лигата.

Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство тимот одигра 464 натпревари, на кои беа извојувани 342 победи, а 57 натпревари завршија нерешено. /МИА

притисни ентер