Дијамант од 709 карати вреден 6,5 милиони долари

Дијамант од 709 карати пронајден во Сиера леоне е продаден на аукција за 6,5 милиони долари.

Овој дијамант е 14 според големината досега пронајден во светот , соопшти „ Rapaport grup“, која го продаде , драгиот камен на аукција во Њујорк во име на државата Сиера Леоне.

„ Rapaport grup“ го нарече овој драг камен „дијамантот на мирот“ и наведе дека со продавањето на дијамантот ќе биде обезбедена клучната животна инфраструктура во областа во која тој е пронајден.

Руски воени бродови навлегоа во Црвеното Море, соопшти морнарицата

 Неколку руски воени бродови поминаа низ теснецот Баб ел Мандеб во Црвеното Море и покрај нападите на јеменските борци Хути врз трговски бродови, соопшти руската Пацифичка флота.

Телевизискиот канал „Ѕвезда“ управуван од Министерството за одбрана ја цитираше морнарицата дека рускиот крстосувач „Варјаг“ и фрегатата „Маршал Шапошников“ биле меѓу бродовите што навлегле во Црвеното Море.

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

 Кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска повика на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштитат ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да се овозможи обнова на нивната популација.

- Звукот на песната на нашите предци ослабна, а живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега, рече Тухеитија во редок јавен настап.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маорите, домородни луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија смета дека давање ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

Тој се обрати заедно со високиот поглавица на соседните острови Кук, Травело Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

- Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и да тежат до 200 тони.

Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“.

Откажани се летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“.

На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Поради штрајкот, којшто според најавите треба да трае денеска и утре, глобално откажани се околу 400 лета и засегнати се околу 50.000 патници.

Во текот на овие два дена оваа авиокомпанија требаше да реализира 24 лета од Виена до градовите во поранешна Југославија вклучувајќи летови до Белград, Сараево, Загреб, Приштина, Скопје, Подгорица, Дубровник и Сплит.

притисни ентер