Запознајте ја единствената Руска милијардерка

Има хотели низ целиот свет, свои згради , болници , акции во здравството , земјоделството , обновливите извори . Нејзиното богатство е проценето на над една милијарда долари .
Главната канцеларија на милијардерката Елена Батурина е во луксузниот дел на Лондон , Мејфејр . Таа е воедно соптвеник и на истоимениот хотел , но не само во Британија . Нејзините хотели , познати по раскош , се и во Русија , Чешка , Австрија и Ирска.  54 – годишната Батурина  за да стигне до богатството од над една милијарда , вложува и во градежништвото и во други области .

За разлика од своите сонародници , таа засега им одолеала на скапите автомобили , како Ферари , на супејахти или познати фудбалски тимови .

Единствениот луксуз на Батурина се нејзините куќи . Живее во Москва, Лондон , во Шпанија и Австрија , а има и фарма на 5 500 хектари во Хемпшир , Британија .

Не сака многу да зборува за своето минато , освен дека потекнува од сиромашно семејство со детство во Советскиот сојуз .

Народен собир посветен на Св. маченица Недела

Во скопското село Горна Матка во манастирскиот комплекс Свети Спас и Марков град, односно Света Недела, денеска ќе се одржи Народен собир посветен на оваа маченица.

Церемонија ќе почне во 9 часот со света литургија во остатоците на еднокорабната црква Св.Недела, која потоа ќе продолжи во комплексот Свети Спас. Кумот и Црковниот одбор на Свети спас за одбележувањето на утрешниот верски празник обезбедија соодветна програма и ручек за гостите.

Црквата Света Недела во Горна Матка е мала, еднокорабна, куполна црква за што сведочат остатоците од сводовите на некогашната купола. Анализата направена на фреските и самата архитектура потврдуваат дека црквата датира од периодот меѓу 1350 и 1360 година.

Изградена е од кршен камен, делкан локален камен — варовник и керамички материјал. Според остатоци од камени сводови, може да се заклучи дека куполата се наоѓала над олтарниот дел, при што црквата имала речиси ист или сличен изглед како блиските цркви Св.Никола и Св.Андреја. На дел од ѕидините во внатрешната страна сè уште стои дел од фрескоживописот на црквата. Врз ѕидовите однатре се забележуваат скромни останки на фреско декорација со неколку светители во олтарниот дел, како и фигурата на Св.Недела која и денес може да се забележи на јужниот ѕид.  /МИА

Казахстански олимпиец убиен при обид за грабеж

Казахстанскиот олимпиец, Денис Тен, кој на зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година го освои бронзениот медал во уметничко лизгање, денеска бил убиен при обид за грабеж во Алмати.

Како што соопштија локалните власти, 25-годишниот Тен неколкупати бил избоден додека се обидувал да спречи две лица, кои краделе делови од неговиот автомобил.   

Тој бил пренесен во болница со неколку убодни рани во пределот на слабината, но по неколку часа им подлегнал на повредите.

Освен бронзениот медел од Сочи, Тен го освои среброто на Светското првeнство во уметничко лизгање во 2013 година во Лондон, како и бронзен медал од Мундијалот во 2015 година во Шангај.

Фото: Бритни во садо-мазо корсет на сцената, имаше проблеми со градникот !!

Поранешната тинејџерска музичка ѕвезда танцуваше на сцената во садо-мазо корсет, за публиката гледаше во нејзината гола града.

Светските медиуми  пишуваат за концертот во Мериленд на музичката ѕвезда Бритни Спирс, откако на Ју Тјуб се појави видео на кое јасно се гледа како Бритни повеќе од две минути џуска и танцува  на сцената со голи гради.

Бритни на концертот се појави во прилично провокативен корсет, креација на дизајнерот Марк Морант, кој повеќе откриваше отколку што покриваше. 36 годишната Бритни без разлика на тоа што на себе имаше само неколку ленти  танцуваше во ритамот на музиката, не забележа дека при енергичниот танц на својот сингл „ Do Somethin'", немирните гради излегле од тесниот концерт, што секако веднаш беше забележано од бројната публика.

Кога Бритни забележа дека нејзината брадавица е гола и непокриена веќе беше доцна. Сликите се веќе на социјалните мрежи.

притисни ентер