Отказ после 20 години работа поради сексуално вознемирување

Американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си (NBC) отпушти еден од своите главни водители на утринските вест, Мет Лауер, после обвиненијата за сексуално вознемирување.
Одликата ја соопшти на самиот почеток на утринските вести „Today” во кои Лауер е главен водител, втората водителка Савана Гатри која го цитираше соопштението на претседателот на NBC, Енди Лек.

Во соопштението се додава и дека и покрај тоа што станува збор за прва жалба против 59 годишниот Лауер, водителот на утринските вести повеќе од 20 години, компанијата има причина да верува дека ова не бил изолиран случај, пренесува Гласот на Америка.

Директорот на NBC, Енди Лек кој инаку е поранешен извршен директор на управниот одбор за емитување, кој директно ја надгледува работата на Гласот на Америка.

Мет Лауер е последната во низа угледни личности од САД кои се соочуваат со обвиненија за сексуално вознемирување.

Минатата недела мрежата СиБиЕс (CBS) го отпушти од својот водител Чарли Роуз, поради истите обвиненија.

Народен собир посветен на Св. маченица Недела

Во скопското село Горна Матка во манастирскиот комплекс Свети Спас и Марков град, односно Света Недела, денеска ќе се одржи Народен собир посветен на оваа маченица.

Церемонија ќе почне во 9 часот со света литургија во остатоците на еднокорабната црква Св.Недела, која потоа ќе продолжи во комплексот Свети Спас. Кумот и Црковниот одбор на Свети спас за одбележувањето на утрешниот верски празник обезбедија соодветна програма и ручек за гостите.

Црквата Света Недела во Горна Матка е мала, еднокорабна, куполна црква за што сведочат остатоците од сводовите на некогашната купола. Анализата направена на фреските и самата архитектура потврдуваат дека црквата датира од периодот меѓу 1350 и 1360 година.

Изградена е од кршен камен, делкан локален камен — варовник и керамички материјал. Според остатоци од камени сводови, може да се заклучи дека куполата се наоѓала над олтарниот дел, при што црквата имала речиси ист или сличен изглед како блиските цркви Св.Никола и Св.Андреја. На дел од ѕидините во внатрешната страна сè уште стои дел од фрескоживописот на црквата. Врз ѕидовите однатре се забележуваат скромни останки на фреско декорација со неколку светители во олтарниот дел, како и фигурата на Св.Недела која и денес може да се забележи на јужниот ѕид.  /МИА

Казахстански олимпиец убиен при обид за грабеж

Казахстанскиот олимпиец, Денис Тен, кој на зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година го освои бронзениот медал во уметничко лизгање, денеска бил убиен при обид за грабеж во Алмати.

Како што соопштија локалните власти, 25-годишниот Тен неколкупати бил избоден додека се обидувал да спречи две лица, кои краделе делови од неговиот автомобил.   

Тој бил пренесен во болница со неколку убодни рани во пределот на слабината, но по неколку часа им подлегнал на повредите.

Освен бронзениот медел од Сочи, Тен го освои среброто на Светското првeнство во уметничко лизгање во 2013 година во Лондон, како и бронзен медал од Мундијалот во 2015 година во Шангај.

Фото: Бритни во садо-мазо корсет на сцената, имаше проблеми со градникот !!

Поранешната тинејџерска музичка ѕвезда танцуваше на сцената во садо-мазо корсет, за публиката гледаше во нејзината гола града.

Светските медиуми  пишуваат за концертот во Мериленд на музичката ѕвезда Бритни Спирс, откако на Ју Тјуб се појави видео на кое јасно се гледа како Бритни повеќе од две минути џуска и танцува  на сцената со голи гради.

Бритни на концертот се појави во прилично провокативен корсет, креација на дизајнерот Марк Морант, кој повеќе откриваше отколку што покриваше. 36 годишната Бритни без разлика на тоа што на себе имаше само неколку ленти  танцуваше во ритамот на музиката, не забележа дека при енергичниот танц на својот сингл „ Do Somethin'", немирните гради излегле од тесниот концерт, што секако веднаш беше забележано од бројната публика.

Кога Бритни забележа дека нејзината брадавица е гола и непокриена веќе беше доцна. Сликите се веќе на социјалните мрежи.

притисни ентер