Утре облачно со врнежи од дожд и температура до 15 степени

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови.
 Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи, особено на југот.

Температурата ќе се движи од седум до15 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до 11 степени.

Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м2.

Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови каде локално може да надминат 70 л/м2. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота ќе има локален слаб дожд, а од недела и опаѓање на температурата.

Заврши трилатералната средба на Могерини со Тачи и Вучиќ

Во Брисел заврши средбата на шефицата на Европската дипломатија Федерика Могерини со претседателите на Србија и на Косово.

Пред заедничката средба , Могерини одвоено се сретна и разговараше со Александар Вучиќ и Хашим Тачи за надминување на проблемите меѓу Приштина и Косово. Во тек е повторно средба на Могерини со Вучиќ , а можно е во текот на вечерта да се одржи и состанок меѓу двајцата претседатели , за потоа сите тројца да имаат уште една рунда преговори. Како што јавуваат српските медиуми , по завршувањето на преговорите е најавена писмена изјава од Европската Комисија .

,, Договорено е сите проблеми да се решаваат на мирен начин , со взаемна почит. Тоа е многу важно за Србите на Косово , за сите граѓани на Србија . разговаравме за тоа да се фокусираме на дијалог , да покажеме дека можеме да разговараме и да поченме да ги решаваме отворените проблеми . Не сум преголем оптимист , но отворивме многу прашања ,”, изјави Вучиќ по средбата во Брисел.

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека состанокот бил тежок , но станува збор за решавање на стогодишен проблем. ,, Не сум наивен па да мислам дека веднаш ќе пронајдеме итно и магично решение за иднината . Не можеме да останеме жртви на горчливото минато , туку да гледаме кон иднината и придобивките за нашите земји и граѓани “ , рече Тачи кој очекува големи придобивки од ЕУ по нормализацијатан на односите со Србија.

Макрон на удар на јавноста поради фотографија со ЛГБТ група

Францускиот претседател Емануел Макрон е на удар на јавноста , откако денеска на социјалните мрежи беа објавени фотографиите со ЛГБТ музичка група во Елисејската палата.

Претседателот Макрон и неговата сопруга Брижит се фотографирале во Елисејската палата со дел од учениците на отворениот музички ден . На една од фотографиите претседателската двојка е во друштво со ЛГБТ музичка група . јавноста го обвинува за понижување на претседателската функција.

Меѓу најгласните критичари беа политичарите од десницата , како Мари ле Пен која го критикуваше Макрон з аначинот на кој се потсмева со местото каде вообичаено со високи почести се примаат странски државници.

Фотографијата била направена од шефот на протоколот на Брижит Макрон , а потоа објавена на социјалните мрежи . ,, Викајте ме господин претседател “ , напишаа иронично дел од пратениците , алудирајќи на пораката што Макрон им ја упати на младите да се однесуваат кон него со почит.

Најмногу коментари предизвика маицата на еден од музичарите , Киди Смајл на која пишуваше :,, Јас сум син на мигрант , црн сум и геј”.

Над 500 деца мигранти вратени на семејствата

Американското министерство за здравство соопшти дека 522 деца им се вратени на семејствата.

Сепак , над 2 000 деца без документи и натаму се одвоени од родителите во рамките на политикатаз а ригорозни мерки против илегалните мигранти . Претседателот Трамп одненадеж во средата го потпиша указот со кој се прекинува ваквата практика.

Систематското разделување на децата од родителите кои илегално ја минале границата меѓу Мексико и САД предизвика негодување не само во Америка , туку и во светот.

притисни ентер