Ким му ги “испратил“ на Трамп посмртните останки на 200 американски војници

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека Северна Кореја ги вратила посмртните останки на 200 американски војници исчезнати за време на Корејската војна.

„Вратени се нашите големи починати херои, нивните останки денеска беа испратени“ – изјавил Трамп на митингот на своите приврзаници во Минесота, пренесува „Ројтерс“.

Американски претставник, кој инсистирал на анонимност изјавил дека Северна Кореја предале голем број на останки на командата на ОН во Јужна Кореја, а потоа тие ќе бидат предадени во воздушната база на Хаваи.

Според воените податоци, околу 7.700 американски војници се водат како исчезнати во Корејската војна од 1950 до 1953 година.

Спортската сала „Младост“ во Гостивар остана без струја заради неплатени сметки

Спортската сала „Младост“ во Гостивар од денес е без снабдување со електрична енергија, откако ЕВН ги исклучи од напојувањето заради неплатени сметки.

 Од општината обвинуваат дека причината која довела до ова е одлуката на мнозинството во советот да не се префлат пари на јавното претпријатие кое стопанисува со салата.

Од општина Гостивар во соопштението до јавноста наведуваат дека одлуката на мнозинството членови на Советот на Општината, на последната  петта седница гласаше против доделување на субвенции на ЈПССО „Риниа“ директно влијаело врз исходот.

- Претходното раководство создаде огромни неподмирени обврски кон ЕВН, за потрошена електрична енергија и во ова претпријатие. И покрај тоа што самите се одговорни за создадената ситуација, советниците на ДУИ и нивните партнери СДСМ, НДП и ДСР гласаа против предлог-одлуката за доделување на субвенции во висина од 500.000 денари. Тие пари беа наменети за плаќање на трошоците за поторошена електрична енергија. Токму заради тоа, како последица, ЕВН им ја исклучи струјата и салата остана во мрак, стои во соопштението од општина Гостивар. 

Нов закон за персонален данок на доход

Граѓаните со месечни примања од илјада евра ќе плаќаат данок од 10%, а оние чии примања ја надминуваат таа сума, за нив стапката ќе изнесува 18%.

На социјалните мрежи се појави дел од драфт верзијата на Законот за персонален данок на доход кој  го подготвува Владата, а треба да стапи на сила од следната година.

Во приходите кои се оданочуваат спаѓаат тие, кои граѓаните ги добиваат од заработената месечна плата на работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и продажба на сопствени замјоделски производи.

Дополнително ќе се даночат и добивките од игри на среќа, доходот од осигурување, капитал, капитлани добивки.

Но, ова не е единствена новина во законот.

Владата планира да ги даночи и оние кои штедат во банките, доколку бруто годишната добивка – надминува 15 илјади денари.

Од министерство за финансии велат дека ова се шпекулации кои не се базирани на факти и нема да коментираат.

МФ спроведува темелна анализа за начините и моделите на обезбедување фер даночна политика во Република Македонија.

Во моментот кога анализата ќе биде подготвена, истата ќе се презентира пред граѓаните и пред стручната јавност, со цел да се отвори јавна дебата базирана на точни податоци и факти. Министерството за финансии работи во насока на обезбедување фер даночен систем.

Инаку познавачите на проблематиката во изминатиов период беа се погласни против Владините најави да се даночат оние со примања над илјада евра. Според експертската јавност тоа би предизвикало селење на бизнисот, даночна евазија како и зголемување на сивата економија.

Според дел од нив - рамниот данок кој се воведе во 2006тата дал добар сигнал за странските инвестиции и имал одреден ефект врз сивата економија.

притисни ентер