Генералот Џуас предупредува : Американските трупи ќе бидат надвладеани од Севернокорејските

Поранешниот Американски генерал излезе со предупредување дека , доколку избие војна, трупуте на Северна Кореја ќе бидат побројни од војниците на САД.

Амеркантските трупи ќе бидат "значително помалубројни “ од оние на Северна Кореја ако во регионот избувне копнена војна, предупреди поранешниот заменик на американските сили во Кореја.

Генерал-потполковник Јан-Марк Џуас, кој беше на таа позиција од  2012 до 2014 година, рече дека заканата на режимот е "најопасната" со која се соочил по Студената војна.

Тој предупреди дека доколку започне воена  акција војниците нема да може може да ги пронајдат  своите бази при  напад од хемиско оружје . Забелешките, кои се содржани во писмото испратено  до конгресмени , а го објави  Newsweek, покренуваат прашања за одржливоста на воена опција при  решавање на кризата во регионот .

Северна Кореја има околу 1,2 милиони војници.

Џуас во писмото напиша дека : "28.500 американски вооружени сили во Јужна Кореја се многу помалубројни од силите на Северна Кореја, како и заедно со јужнокорејските сили кои ќе треба да го поднесат најголемиот товар во  борбите .Оваа закана е најопасна со која се соочив од крајот на Студената војна и е најголем проблем со кој се соочив во мојата 35-годишна кариера".

Писмото е  испратено до конгресмените Тед Лиу и Рубен Галего и сенаторот Тами Дакворт, кои се американски воени ветерани и изразија  загриженост поради  пристапот на претседателот  Трамп кон проблемот со  Северна Кореја.

Меѓународна летна школа за управување во услови на мигрантски кризи

На Воената академија во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје денеска ќе биде отворена Меѓународна летна школа  „Управување во услови на мигрантски кризи" која ќе трае до 24 јуни. 

Во шесте дена на Летната школа ќе има околу сто учесници од регионот. Организатор е Филозофскиот факултет од Скопје, заедно со Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево и Велеучилиште од Велика Горица. 

- Летната школа ќе биде можност студентите и практичарите преку програмата за доживотно учење да се стекнат со потребните знаења и вештини за справување со безбедносните предизвици предизвикани од мигрантските кризи, соопштија организаторите. 

Покрај деканите на факултетите кои го организираат настанот, најавени се и обраќања на вицепремиерката и министер за одбрана Радмила   Шекеринска, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски и директорите на Центарот за управување со кризи и Агенцијата за заштита и спасување,  Агрон Буџаку и Аднан Џафероски. /МИА

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници треба да одржат комисиите за образование, наука и спорт и за финансирање и буџет. 

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се измените на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење и на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, двата во прво читање поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство. 

На Комисијата за финансирање и буџет на дневен ред се измени и дополнувања на Законот за акцизите, измени на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, измени и дополнувања на Законот за царинска управа, сите во второ читање и Предлог на закон за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, во прво читање поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата. /МИА

ФАО работилница за пристапот при консолидација на земјиштето

Во Скопје денеска почнува тридневната Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ што ја организира ФАО со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целта на работилницата е идентификување на најдобрите регионални практики и развивање заеднички пристап кон легислативата за консолидација на земјиштето во земјите од Западен Балкан.

Пред присутните ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, експертот од ФАО за управување со земјиште Мортен Хартвигсен, како и Рик Ваутерс од Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ), Работна група за земјишна администрација. /МИА

притисни ентер