Билатерална средба на делегациите на Македонија и Словенија

Владините делегации на Република Македонија и Република Словенија се договорија да и дадат нова димензија на добрата соработка, во интерес на граѓаните на двете земји.
Според соопштението на прес службата , Владината делегација на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев, во придружба на заменик претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и државниот секретар на Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, одржаа билатерални и пленарна средба со своите колеги од словенечката страна предводени од премиерот Миро Церар.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на пленарната средба меѓу двете владини делегации истакна дека со оваа посета се реафирмираат веќе исклучително добрите односи меѓу двете земји.

- За Република Македонија е исклучително важно ова наше меѓусебно пријателство и поддршката што ја имаме во процесите за нашите ЕУ и НАТО интеграции. За нас е важна и економската соработка, која ја оценувама како многу добра, и се согласивме со колегата Церар дека тука имаме уште многу што да си кажеме едни на други – рече премиерот Заев.

Премиерот Заев ги информираше домаќините за најновите настани во Република Македонија, особено во делот на реформите.

- Резултатите на изборите ни даваат поттик да ги интензивираме нашите реформски процеси и тоа се нашите определби во наредниот период. Интегративните процеси внатре во земјата исто така добија нова димензија и имаме сериозни позитивни придвижувања на овој план – потенцираше Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев.

Премиерот Заев зборуваше и за очекувањата на Република Македонија во однос на евро-атлантските процеси и дека овие активности ќе имаат сериозен поттик доколку добијат поддршка од сите наши пријатели.

Во поздравниот говор на средбата, премиерот на Словенија, Миро Церар нагласи дека Република Македонија и Република Словенија отсекогаш ги поврзувало искрено пријателство и добри односи во сите области, на високо рамниште.

- Економските односи се добри, но сакаме уште повеќе да ги подобриме. Имаме потенцијал за интензивирање на соработката – истакна на пленарната средба на двете делегации премиерот на Република Словенија, Миро Церар.

Словенечкиот премиер како посебни значаен и како потврда на ова пријателство го истакна фактот дека голем број на студенти од Македонија учат на факулетите во Република Словенија.

Премиерот Церар ја искаткна целосната поддршка во ЕУ и НАТО аспирациите на Република Македонија и понуди конкретна помош и асистенција за овие процеси, во оваа фаза или во фазата на пристапните разговори со ЕУ.

Словенечката владина делегација, како придонес повеќе во поддршката на Република Македонија во евро-атлантските аспирации, ја сподели информацијата со македонската страна дека Република Македонија во Брисел ѝ даде нов поттик на групата земји челнки на ЕУ пријатели на Република Македонија за да се забрза овој процес во Брисел.

Во продолжение на средбата, министрите од двете страни ги информираа премиерите Заев и Церар за разговорите и за конкретните обврски што ќе бидат преземени за нови димензии на соработката меѓу Република Македонија и Република Словенија.

САД: Се преврти брод, има жртви

Најмалку 11 луѓе денеска го изгубија животот кога брод со 31 лице се преврти и потона во езерото недалеку од градот Бренсон, во американската држава Мисури.

До превртувањето дошло поради силната бура, а на бродот имало и деца, изјавила официјалните лица, а пренела агенцијата „Ројтерс“.

Седум лица се згрижени во болница после несреќата на вештачкото езеро Тејбл рок.

Нуркачите и понатаму трагаат за можни жртви.

Приведени 12 странски државјанки во локал во Желино

При контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово - Скопје, во село Желино ноќеска полицијата привела 12 странски државјанки.

Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во периодот од 23:00 до 02:30 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во Угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово - Скопје, поточно во село Желино, сопственост на З.С. од село Желино.

Во објектот биле затекнати 12 лица-странски државјанки, од кои 11 лица од Албанија и едно од Косово кои биле приведени во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка. /МИА

ИК на ВМРО-ДПМНЕ бара техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори

Реализирање на веќе договорените концепти за финансирање на партиите и формирање техничка влада по пржинскиот модел пред секои избори се ставовите на кои останува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова беше потврдено на синоќешниот состанок на Извршен комитет на партијата, на кој се анализираше актуелната политичка ситуација и прашањата што се дел од меѓупартиските разговори со власта на претседателско ниво.

„Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас, односно дека опозицијата ќе има можност соодветно да дејствува при сите обиди за можен фалсификат и нема да се дозволи повторување на локалните избори. Обидите на Зоран Заев да ја манипулира јавноста со измислени образложенија дека некој бара амнестија за некаков криминал беа оценети како несериозни“, се вели во соопштението на партијата.

Во врска со формулацијата на референдумското прашање ИК на ВМРО-ДПМНЕ смета дека за да се согледа јасно волјата на граѓаните мора да се почитува законот што предвидува недвосмислени прашања.

ИК му даде целосна и недвосмислена поддршка на партискиот лидер Христијан Мицкоски да ги застапува ставовите на партијата во натамошниот тек на лидерската средба.

„Македонските граѓани заслужуваат власт која вистински ќе се води по европските принципи за почитување на Уставот и законите, особено за важни прашања поврзани со носење на одлуки за иднината на државата како што се македонските интеграции во Европската унија и НАТО“, се наведува во соопштението. /МИА

притисни ентер