Градоначалникот на Прилеп вети финансиска помош за обнова на куќата на семејството Стеваноски

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска го посети семејството на Орде Стеваноски, чиј дом синоќа изгоре во пожар кој избувнал околу 20 часот, на улицата „Пиринска“ број 103.
По увидот на состојбата во која се најде семејството Стеваноски, Јованоски вети финансиска помош за обнова на нивниот дом.

- Затекнавме навистина една страшна слика, но за среќа тоа е само материјална штета. Горниот кат од куќата на Орде Стеваноски е целосно уништен во пожарот што се случил вчера. Во рамките на нашите надлежности ќе преземеме мерки за да ја надоместиме штетата во голем дел, ќе направиме напори за да добие помош и од други места, изјави Јованоски.

Како што раскажува Орде Стеваноски, во моментот на пожарот во куќата била само ќерката. Таа забележала како излегува чад од дневната соба, од каде што се наоѓал телевизорот. Во паника веднаш им се јавила на нејзините родители и на противпожарната служба, но за жал огнот се раширил со голема брзина преку целиот кат и целосно го опустошил. Стеваноски сега бараат помош од добронамерни луѓе, зашто велат им изгорело се што имале.

- Се е опустошено, во половина час изгоре се што имавме. Упатувам апел до сите добри луѓе да помогнат колку што можат. Сега немаме покрив над главата, ќе спиеме по роднини и пријатели, изјави Стеваноски. /МИА

Мексиканците носат картонска слика на навивач што доби забрана од сопругата да оди на Мундијалот

 Меѓу навивачите на мексиканската фудбалска репрезентација присутни на Мундијалот во Русија се најде и фотографија во природна големина на навивач залепена на картонска кутија.

 Се работи за Хавиер кој доби забрана од дома да патува на СП.

На сината маица на картонот Хавиер пишува: „Мојата сопруга не ме пушти мене“.

Мексико на стартот на Мундијалот ја победи Германија со 1:0, а пријателите на Хавиер му ветиле дека картонот со неговиот лик ќе го носат со себе и на следните натпревари. 

Фото: Наташа Беквалац се врати на сцената

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац прв пат по породувањето и скандалот со сопругот Лука Лазукиќ одработи еден настап.

Атрактивната  пејачка со својот сексапилен изглед и настап ја воодушеви публиката на настапот во еден познат белградски сплав.

Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер. 

притисни ентер