Путин: Русија ќе најде замена за американските компании

Русија ќе најде замена за американските компании на кои им е забрането да соработуваат со руските, предупреди рускиот претседател.
Бидејќи американските санкции против Москва ги спречуваат компаниите од САД да се здружат со руските, другите компании, неизбежно ќе ја пополнат празнината на рускиот пазар, предупреди претседателот на Русија, Владимир Путин.

Сепак, тој се надева на урамнотежени билатерални односи.

„Тоа што му забранија на Ексон мобајл да работи со нас на Арктикот, само ги лиши од еден интересен и ветувачки проект, кој би можел да ја поттикне американската економија и создаде повеќе работни места во САД, донесувајќи приходи и даноци“ – изјави рускиот претседател пред новинарите.

Додаде дека овој нафтен гигант е само пример на слични случаи, и предупреди:

„Вашите компании ќе бидат заменети со конкуренцијата. Тоа е неизбежно во современиот свет“ – изјави Путин.

Според него “сите сакаат да работат во Русија“ и нагласи дека повеќето компании кои учествувале на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург биле од САД.

Иако односите се се уште во криза, “Москва е подготвена да сврти нова страница и да продолжи понатаму, да погледне во иднината и да ги решава проблемите кои се важни за луѓето во САД и Русија“.

Уште во 2011 година поранешниот извршен директор на Ексон, Тилерсон склопи договор со руската нафтена компанија Роснефт, и така го отвори патот за истражување на рускиот Арктик, Црното море и Сибир.

Меѓутоа, американските санкции кои и се наметнати на Русија поради кризата во Украина го натераа Ексон да ја прекине соработката, со што компанијата изгуби милијарда долари.

Спортската сала „Младост“ во Гостивар остана без струја заради неплатени сметки

Спортската сала „Младост“ во Гостивар од денес е без снабдување со електрична енергија, откако ЕВН ги исклучи од напојувањето заради неплатени сметки.

 Од општината обвинуваат дека причината која довела до ова е одлуката на мнозинството во советот да не се префлат пари на јавното претпријатие кое стопанисува со салата.

Од општина Гостивар во соопштението до јавноста наведуваат дека одлуката на мнозинството членови на Советот на Општината, на последната  петта седница гласаше против доделување на субвенции на ЈПССО „Риниа“ директно влијаело врз исходот.

- Претходното раководство создаде огромни неподмирени обврски кон ЕВН, за потрошена електрична енергија и во ова претпријатие. И покрај тоа што самите се одговорни за создадената ситуација, советниците на ДУИ и нивните партнери СДСМ, НДП и ДСР гласаа против предлог-одлуката за доделување на субвенции во висина од 500.000 денари. Тие пари беа наменети за плаќање на трошоците за поторошена електрична енергија. Токму заради тоа, како последица, ЕВН им ја исклучи струјата и салата остана во мрак, стои во соопштението од општина Гостивар. 

Нов закон за персонален данок на доход

Граѓаните со месечни примања од илјада евра ќе плаќаат данок од 10%, а оние чии примања ја надминуваат таа сума, за нив стапката ќе изнесува 18%.

На социјалните мрежи се појави дел од драфт верзијата на Законот за персонален данок на доход кој  го подготвува Владата, а треба да стапи на сила од следната година.

Во приходите кои се оданочуваат спаѓаат тие, кои граѓаните ги добиваат од заработената месечна плата на работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и продажба на сопствени замјоделски производи.

Дополнително ќе се даночат и добивките од игри на среќа, доходот од осигурување, капитал, капитлани добивки.

Но, ова не е единствена новина во законот.

Владата планира да ги даночи и оние кои штедат во банките, доколку бруто годишната добивка – надминува 15 илјади денари.

Од министерство за финансии велат дека ова се шпекулации кои не се базирани на факти и нема да коментираат.

МФ спроведува темелна анализа за начините и моделите на обезбедување фер даночна политика во Република Македонија.

Во моментот кога анализата ќе биде подготвена, истата ќе се презентира пред граѓаните и пред стручната јавност, со цел да се отвори јавна дебата базирана на точни податоци и факти. Министерството за финансии работи во насока на обезбедување фер даночен систем.

Инаку познавачите на проблематиката во изминатиов период беа се погласни против Владините најави да се даночат оние со примања над илјада евра. Според експертската јавност тоа би предизвикало селење на бизнисот, даночна евазија како и зголемување на сивата економија.

Според дел од нив - рамниот данок кој се воведе во 2006тата дал добар сигнал за странските инвестиции и имал одреден ефект врз сивата економија.

СДСМ: Договорот е патриотски чин

Договорот е патриотски чин, го зајакнува идентитетот и ја обезбедува иднината, ВМРО-ДПМНЕ ја лаже јавноста

Конечниот Договор со кој се става крај на деценискиот спор со Грција е патриотски чин со кој се гарантира и зајакнува македонскиот идентитет и се обезбедува иднината на граѓаните и државата.

ВМРО-ДПМНЕ нема никакви аргументи и затоа продолжува да ја лаже јавноста со пласирање целосно лажни вести, измислици и дезинформации.

Химната и државните симболи не се дел од Договорот и вооопшто не биле дел од разговорите. Што значи дека ниту некој државен симбол се менува ниту пак нивната употреба е доведена во прашање, напротив.

Договорот го гарантира македонскиот иденитет кој никогаш повеќе нема да биде оспоруван или негиран од другите и се отвораат евроатлантските интеграции кои се врвен национален интерес. Македонски јазик, македонски народ, македонско оро, Македонци, македонски, обезбедени еднаш засекогаш.

Во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажните наводи, да покаже елементарна одговорност пред граѓаните и државата и да престане да ја кочи македонската иднина.

Конечниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум. Убедени сме, граѓаните ќе кажат ДА, за македонската иднина, ДА за членство во НАТО, ДА за датум за почеток на преговрите за полноправно членство во ЕУ.

Центар за комуникации со јавноста на Социјалдемократски сојуз на Македонија

притисни ентер