Црвен тепих и бањарка:Рита Ора се пресоблече 12 пати додека ги водеше MTV EMA наградите (фото)

Рита Ора се најде во улогата на домаќин на настанот „MTV Europe Music Awards 2017“.
Таа покажа дека е жената на ноќта со 13 неверојатни стајлинзи на сцената.

Британската ѕвезда одлично се снајде во улогите на водител и изведувач и направи неверојатна атмосфера на настанот.

Фановите на социјалните мрежи имаа само пофални зборови и ја проценија како брилијантна, забавна и автентична во водењето на настанот.

Од раскошни тоалети и чудни перики, па до појавување со бањарка и дијаманти на сцената, при секое наредно излегување на сцената на Рита публиката доживуваше изненадување.

Таа го донесе гламурот на стариот Холивуд со виолетовата тоалета, но и ја покажа сензационалната фигура во сино, светкаво, мини фустанче.

Еве ги нејзините неверојатни трансформации на настанот.

Мојот Бог се вика Доналд Трамп:Индиец секаде носи фотографија од американскиот претседател,а му направил и црква!(видео)

Еден фармер од  Индија предизвика зачуденост ширум светот поради тоа што како Бог го почитува - Доналд Трамп.

Мажот  по име Буса Кришна вели дека уште пред три години почувствувал дека „Трамп е нешто посебно“.Особено му се допаднала неговата кампања во која ветил дека „повторно ќе ја направи голема Америка“.

Иако членовите на семејството и пријателите го советувале да побара стручна помош, поради тоа што мислат дека нивниот син Буса побудалел, фармерот тврди дека нема намера да се откаже од богот Доналд Трамп.

Фармерот толку се внесол во „новата религија“ што направил и мало светилиште односно храм на Доналд Трамп, а за да ја покаже својата предаденост, поставил и Фејсбук страна на која објавува фотографии и снимки од неговите верски ритуали.

Каде и да оди, Буса Кришна со себе носи и фотографија од американскиот претседател, а вели дека на Трамп му се моли секој ден, пренесува „Њусвик“.

Дали вака изгледа пеколот?! Камерата забележала досега невиден ветер кој го нарекле огнено торнадо!(видео)

Една двојка во Америка со камера снимиле глетка која личи на оние од холивудските филмови за крајот на светот.

Имено, Крис и Ана Меки од Аризона, возејќи се покрај реката Колоради во калифорнискиот град Блит, снимиле огнено торнадо.

Тоа е  невообичаен феномен кој настанал кога синиот ветер ја однел огнената стихија до работ на реката. Се создал неверојатен виор на огин, ветер и вода, кој досегнал дури 7,6 километри висина.

Причините за овој  пожар се уште се истражуваат, но медиумите јавуваат дека огинот уништил површина од вкупно 924 хектари.

Алфина има церебрална парализа, но нејзиниот божествен глас буквално ги фрла луѓето на коленици!(видео)

Оперска пејачка од Италија Алфина Фреста (29), го воодушеви светот со нејзиниот глас.

Таа боледува од церебрална парализа, се движи во количка, а додека настапува има помош од асистентка.

Минатиот месец пеела во црква и нејзиниот настап стана вирален и го виделе околу 60 000 луѓе.

Алфеина е тешка едвај 50 килограми, но оваа кревка жена има премоќен глас. Додека настапувала во црква била облечена во бело, а стоела со помош на жена која ја придржувала и го држела микрофонот.

Афина настапува балгодарение на здружението Associazione Culturale Nèon кое им помага на луѓето со инвалидитет да учествуваат во уметнички активности.

Stefania Lićardelo, претседателката на здружението, најчесто и помага на Алфина за време на нејзините настапи.

-Го правам тоа во што сум најдобро и тоа ме радува. Поради музиката се чувствувам жива“, вели Алфина.

Нејзината мајка Антонела им кажала на новинарите дека Алфина има сила на војник и дека недостатоците не ја спречуваат да го прави тоа што го сака, пишува Daily Mail.

притисни ентер