Видео- Фото: Манекенка со секси танц ќе го „срушеше“ интернетот

Зулејка Ривера е поранешна мисица и манекенка која стана светски позната по улогата во спотот на Луис Фонси.
Во 2006 година убавата Зилејка ја освои титулата Мис на Универзум. По тој голем успех атрактивната манекенка стана актерка и имаше неколку улоги во сапуници . Денеска Зулејка работи како ТВ водителка. Но, најголемата слава ја доживеа по снимањето на спотот за сега веќе легендарната песна Деспасито, каде ги воодушеви мажите од целиот свет.

На Инстаграм Зулејка ја следат повеќе од еден милион фанови кои уживаат во нејзиниот совршен изглед.

Со објавување на последното видео на Инстаграм , во кое Зулејка ги почести фановите со секси танц , манекенката за малку ќе го „срушеше“ интернетот. Видеото експресно собра 335 689 лајкови. 

 

Así me disfruto tu calentura 😜 #stopthehate ✋🏽

A post shared by Zuleyka Rivera (@zuleykarivera) on

Човек нападнал мечок за да го спаси кучето....

„Нашата порака гласи: Апсолутно никогаш немојте тоа да го правите!“ – соопштуваат официјалните лица од канадскиот Национален парк Џаспер.

А “ова“ се однесува на инцидентот од 16 мај, кога човек скокнал врз американска црн мечок во обид да го спаси своето куче, кое искочило од прозорецот на неговиот автомобил и почнало да лае на дивото животно.

Мечокот потоа го нападнал несреќното куче, кое од неговите канџи не успеало да се извлече живо.

Сопственикот кој во обид да го спаси својот миленик, се приближил до мечокот и скокнал врз него во обид да го истера, за среќа, успеал да се извлече жив. Дури поминал и без гребнатинки!

Експертот на Националниот парк за комуникација со дивите животни, Стив Малком објаснува дека сопственикот на кучето има голема среќа и оти го спасило “фиксирањето врз пленот“.

„Мислам дека момчето успеало да го фати мечокот во момент додека се уште во целост не го усмртил кучето. Мечокот бил фокусиран на кучето, па дури потоа размислувал за сопствената одбрана“ – изјави Малком.

Тој наведува дека ова е прв случај на некој да му успее да се спаси од канџите на мечокот на ваков начин.


 

Оваа српска актерка е кума на Цеца Ражнатовиќ, а речиси никој и не знае за тоа (фото)

Овој детаљ многумина не го знаат.

Иако веројатно сте претпоставувале дека кума на Светлана Цеца Ражнатовиќ е некоја колешка од естрадата или некој од светот на политиката, всушност се работи за една српска актерка, пишува порталот Glossy.

Причина за тоа што не ја гледаме во друштво на Цеца или генерално во јавноста е што таа одредено време живеела во Америка, па со сопругот и синот сега се вратила во Србија.

Станува збор за актерката Љубинка Клариќ, која долга низа години е добра пријателка со Цеца, а тоа што ретко кој го знае е дека покрај пријателството ги спојува и кумство.

 

A post shared by Ljubinka Klaric (@ljubinkaklaric) on

Урнебесна фотографија на соблекувала на црногорска плажа ги запали социјалните мрежи (фото)

Со топлите летни денови луѓето едвај чекаат да отпатуваат на море за да се опуштат и одморат.

Македонци традиционално одат во Црна Гора во голем број, а токму една фотографија од Сутморе направила вистински хаос на социјалните мрежи.

Имено, на Фејсбук страната „Подгорички времеплов“ може да се види соблекувална сместена на врв на куп големи камења. На многумина им било смешно што соблекувалната е поставена токму таму, затоа што многумина туристи на плажата воопшто не може да дојдат до неа.

Започнаа да се редат коментари во кои се исмејува ваквата постапка: „Ова само зборува за тоа колкава сила е потребна кога вака  е донесено на плажа“, „Сталоне тука се пресоблекувал кога го снимал Алпинист...“, „Соблекувалната и пркоси на гравитацијата“, „Тоа е тој висок туризам“...

притисни ентер