Ѕиамбирис за Канал 5: Поблиску до решение на името од било кога до сега

Македонија и Грција се поблиску до решение од било кога до сега, реално е проблемот да се реши во првата половина на 2018 пред НАТО самитот, договорот би бил пакет - за името и за се што произлегува од името, мерките за градење доверба се еден позитивен билатерален договор – ова се ставовите на Аристотелис Ѕиамбирис професорот по меѓународни односи на универзитетот Пиреа, кој за Канал 5 ги анализира последните случувања меѓу Скопје и Атина.

-Мислам дека развојот на настаните е важен, веројатно случувањата ќе доаѓаат едно по друго и дека се наоѓаме многу поблиску до решавање на прашањето со името можеби уште од 1991-1992. Отворен е еден прозорец за договор,еден прозорец за решение и ќе видиме во следните месеци дали ќе се затвори ова прашање. – вели за Канал 5 професорот Ѕиамбирис.

-Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, пред 20ина дена на прес конференција, говореше за решение во првата половина на 2018, колку е веројатно ова сценарио?

-Мислам дека е многу реално, бидејќи по овој временски рок, сигурно по септември 2018 влегуваме полека полека во потенцијален предизборни периоди и во двете земји и според тоа политичката логика нема да дозволи еден таков договор. Дополнително потсетувам дека НАТО ќе има голем самит во јули и сигурно ако има решение пред овој датум, би можело НАТО да има нов член. Според тоа, и од политички и од реални и пошироко меѓународни причини ценам дека доколку има договор, ќе треба навистина да биде во првите 6 месеци од 2018, а сигурно не по септември. – објаснува професорот од атинскиот Универзитет „Пиреа“.

Нимиц е задолжен само за името, но договорот ќе ги вклучува сите останати прашања кои произлегуваат од името, за нив пак, ќе си се договорат државите меѓу себе– објаснува Ѕиамбирис за Канал 5. А како пример дека двете земји можат сами да се договорат ги споменува мерките за градење доверба.

-Целосно е сигурно дека било кој договор нема да биде само за името, туку ќе покрива и другите прашања. Но овде треба да потенцираме дека сите предлози кои биле доставени од 1991 за прашањето за името, покриваа и други прашање, а не само името, На пример, да спомена едно решение кое во Грција се нарекуваше пакет Пинеиро, во 1992, предлогот беше името New Macedonia, но се викаше пакет Пиниеиро, затоа што имаше многу работи, не само името. Сите обиди, сите посредувања на меѓународниот фактор, сите напори за постигнување договр, не го покриваа само името, туку и други прашања. Тоа ќе се случи и сега. Односно, погрешно е да мислиме дека договорот ќе биде еден ред, еден параграф и ќе вели оваа држава ќе се вика така. Тоа ќе биде еден многу поголем текст, многу поширок текст и неизбежно ќе покрива и други прашања како што се на пример трговски производи. Имиња на трговски производи. Кажувам еден пример за да може секој да разбере. Алва, вино и слично. – објаснува професорот за Канал 5.

-Но, во чија надлежност ќе бидат останатите прашања? – го прашавме Ѕиамбирис.

-Нимиц има конкретен мандат. Нимиц ќе достави предлог, но тука треба да биде јасно. Дали Нимиц или некој друг ќе достави предлог, договорот ќе биде меѓу двете држави. Државите ќе бидат тие кои ќе одлучат за овие прашања. И имаат право како независни држави да одлучат и за други работи , доколку сакаат, кои не се поврзани со било кој предлог кој можеби би го доставил Нимиц. Ќе споменам нешто што е карактеристично и позитивно дека веќе постојат 13 мерки за градење доверба кои што се во тек и се работи на нив. Ова не произлезе е од некакво посредување американско, европско или на ОН. Туку е билатерален договор на две држави кои сакаат да ги подобрат нивните односи. – вели професорот.

Во однос на тоа дали општествата и политичарите од двете земји се подготвени за договор, Ѕиамбирис вели дека се ќе зависи од самото решение, кое во Грција треба да помине низ парламенот а кај нас на референдум, но верува дека веќе се созреани околностите за евентуалниот договор да добие зелено светло.


Премиер се пофалил дека за време на состанок со Меркел си играл Candy Crush

Бодо Рамелоу, премиер на германската држава Тирингија, малку се занел во прераскажување на настаните од минатонеделниот важен состанок со канцеларката Ангела Меркел и премиерите на другите држави кога биле донесени новите мерки .

Рамелоу, член на левичарската партија (Дие Линке), на новата социјална платформа Клубхаус, напишал дека играл Кенди Креш за време на состанокот. Тој ја нарекол канцеларката „дас Меркелчен“ (мала Меркел).

На прашањето на Кевин Кунерт, потпретседател на СПД, кој играл Кенди Креш, Рамелоу веднаш проговорил и се пофалил дека можел да игра „до десетто ниво“ по еден таков состанок. Имено, Рамелоу сметал дека неговиот разговор на таа платформа ќе остане надвор од досегот на јавноста. Но , тоа не се случи.

Веднаш, имало реакција од локалната ЦДУ која го нападнала премиерот Рамелоу дека неговото однесување покажува недостаток на почит кон тешката состојба. „Или тоа е израз на ароганција на моќ или министерски замор. Во секој случај, тоа е непочитување и неодговорност! " напишале од ЦДУ.

После тоа, Рамелоу сфатил дека ситуацијата станува сериозна, зашто треба да има избори во Тирингија оваа пролет, но се поблиску до одлука за нивно одложуваљње за септември, па тој почна да се извинува. Веднаш ја контактирал германската новинска агенција (Dpa) и објаснил дека Кенди Креш бил начин да се релаксира за време на долгите преговори. „Некои играат Судоку, други играат шах на нивните телефони, а јас играм Кенди Креш”, рекол тој.

Вчера вечер тој се извини за коментарот за „малата Меркел“ на Твитер, велејќи дека промената на мислењето следело по интервјуто со „паметна жена“ во Клубхаус. „Омаловажувањето на името на германската канцеларка беше чин на машко незнаење и искрено се извинувам за тоа“, напишал Рамелоу на Твитер, пишуваат германските медиуми и Тагесхау. .

Мерцедес им се извини на купувачите на новата Ѕ класа

Новата класа S штотуку пристигна, но веќе се соочува со своите први проблеми.

И, за овој проблем не е виновен надворешниот непријател, туку внатрешниот, и веројатно станува збор за комбинација на конструкциски грешки и контрола на квалитетот. Имено, Мерцедес морал да го иницира првото отповикување на S-Class на почетокот на годината.

Како што е познато, поради пократката внатрешна врска, постои можност да не може да ги издржи динамичките оптоварувања, па затоа е можно да се изгуби контролата, што може да заврши со сообраќајна несреќа.

Сопствениците на новата S-Class ќе мора да ги посетат сервисните центри каде што уште еднаш ќе бидат прегледани елементите на шасијата. Наводно, навојот е прекраток и врската не е доволно безбедна.

„Се извинуваме за потребата од вонредна посета на сервис и се надеваме на разбирање“, соопшти Мерцедес, пренесува „Бизнис инсајдер“. Како оправдување, тие велат дека грешката не била забележана на време затоа што внатрешната врска пристигнала како дел од поголема единица која што била директно инсталирана во возилото.

Да потсетиме, S-Class се произведува во ултрамодерната фабрика 56 во Синделфинген, во која Daimler инвестирал околу 730 милиони евра,пишува Бизнис Инсајдер.

„Само Вистина" со Сашо Орданоски

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваше Сашо Орданоски.

- Осцилациите одат во различни крешенда, пописот е нешто што мора да се направи, ќе се попишува и присутно и отсутно население, ако се зборува за етничкиот аспект, некој ќе биде многу разочаран, рече Орданоски.

- Секогаш има политика, посебно кога треба да се бројат графите на ваква или онаква етничка припадност. Нормално е дека ќе бидат подигнати сите нивоа на нервоза и недоверба, рече Орданоски.

- Во Македонија се доаѓа на власт со два или три пратеници повеќе, ни претстојат локални избори и секој ќе биде казнет или награден според сработеното, рече Орданоски.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

притисни ентер