Македонија и Грција ги потврдија заинтересираноста и договорот за изградба на гасовод

До крајот на годинава да се изготви физибилити студија за изградбата на гасоводот од Грција кон Македонија се договориле претседателот на грчката ДЕСФА со официјални претставници од нашата земја.

Според грчкиот економски портал Јуротудеј, првиот човек на компанијата што управува со националниот систем за природен гас на Грција, во понеделникот бил во посета на Скопје, каде што остварил средби со официјални лица, но и со неговиот македонски колега.

Била потврдена и заинтересираноста за изградбата, бил потврден и веќе потпишаниот договор меѓу двете компании, ДЕСФА од Грција и МЕР од Македонија, но разговарале и за забрзување на процесот на изградба на гасоводот.

Грчката ДЕСФА веќе има доставено барање до енергетското регулаторно тело на Грција, за добивање дозвола за изградба на гасоводот.

Во октомври минатата година, ДЕСФА и МЕР потпишаа меморандум за разбирање за изградба на интерконективен вод за пренос на природен гас Штип Неа месимврија. Должината на гасоводот ќе биде 160 км, од кои 100 се на македонска, а 60км на грчка територија. Проценките се дека снабдувањето ќе биде околу 3 милијарди кубни метри, а ќе се користат различни извори на природен гас .

Гасоводното поврзување на Македонија и Грција, кое е дел од мерките за градење доверба меѓу двете земји, го спомена и шефот на грчката дипломатија на неодамнешната прес конференција во Атина, како една од поважните практични мерки на која веќе се работи.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер