Фото: Петте најпосакувани ергени на светот

Тие се успешни, талентирани, богати и атрактивни.
Овие квалитети биле пресудни за нивниот избор  на листата на магазинот „Гламур“ на едни од најпосакуваните ергени на светот.

1. Леонардо Ди каприо(42 години).

Тој е еден од најуспешните актери во последните децении, кој не сака да се мажи.Леонардо Ди каприо зад себе има многу врски со разни убавици и манекенки од „Викторија Сикретс“. Но досега ниту една од нив не успеала да го однесе пред олтар. 



2. Ронан Фароу (29 години).
Синот на славните актери Миа Фароу и Вуди Ален, Роман  зад себе има импресивна кариера. Роман е успешен новинар, адвокат и поранешен советник на американската влада со дипломи од Оксфорд и Јеил.
Според јавноста Роман ги наследил убавината на мајка му и филантропскиот карактер.



3. Џек Дорси(40г.)
На третата позиција на листата на најпосакувани ергени е американскиот програмер и основач на социјалната мрежа Твитер, Џек Дорси. Прогласен е за еден од најдобрите млади иноватори на светот. Поради што и досега успеа да заработи огромни 3 милијарди долари.



4. Дру Хјустон (34г.)

Американскиот бизнисмен Дру Хјустон  дипломирал информатика на престижниот МИТ универзитет. Тој е основач на „ Dropboksa“ онлајн платформата за чување на податоци. Магазинот „Форбс“ проценува дека богатството на младиот Хјустон во моментов изнесува околу 1,4 милијарди долари.



5. Брајан Чески (36г.)

Листата на петте најпосакувани ергени ја затвора основачот на платформата „ Airbnb“, 36- годишниот милијардер Брајан Чески. Неговата платформа на корисниците на интернет им овозможи едноставно изнајмување на станови секаде низ светот.

Годинава Брајан им се приклучи на група на милијардери собрани околу иницијативата „ The Giving Pledge", кои се обврзаа дека во текот на својот живот ќе донираат поголем дел од своите богатства. 

Мексиканците носат картонска слика на навивач што доби забрана од сопругата да оди на Мундијалот

 Меѓу навивачите на мексиканската фудбалска репрезентација присутни на Мундијалот во Русија се најде и фотографија во природна големина на навивач залепена на картонска кутија.

 Се работи за Хавиер кој доби забрана од дома да патува на СП.

На сината маица на картонот Хавиер пишува: „Мојата сопруга не ме пушти мене“.

Мексико на стартот на Мундијалот ја победи Германија со 1:0, а пријателите на Хавиер му ветиле дека картонот со неговиот лик ќе го носат со себе и на следните натпревари. 

Фото: Наташа Беквалац се врати на сцената

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац прв пат по породувањето и скандалот со сопругот Лука Лазукиќ одработи еден настап.

Атрактивната  пејачка со својот сексапилен изглед и настап ја воодушеви публиката на настапот во еден познат белградски сплав.

Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер. 

притисни ентер