„Исцелител“ – суровата реалност на сиромашниот и очаен човек

Македонскиот игран филм „Исцелител“ на младиот режисер, сценарист и продуцент Ѓорче Ставрески синоќа ја имаше светската премиера на 58. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Солун.


Во преполната кино-сала „Ставрос Торнес“, каде се бараше карта повеќе, публиката уживаше во „црната комедија“ на Ставрески и имаше можност да се запознае со суровата реалност на „обичниот смртник“, кој излезот од своите секојдневни и здравствени проблеми го бара кај „лажните исцелители“.
Младиот автор смета дека „во овие луди времиња, капитализмот со балкански вкус ги сведе човечките вредности на грабање на што е можно повеќе пари и моќ, а притоа останатите луѓе не се воопшто важни. Најпотребните лекови исчезнаа, а приватните болници прават огромен профит земајќи го и последниот денар од болните и очајните. Бебиња умираа на породување, воздухот се загади, а луѓето се свртија кон астрологија, теории на заговор и игри на среќа. Лажните исцелители процветаа: оружани со ’чудотворни’ таблети од варикина, хомеопатска ’вода што памти’ и лековити колачи од марихуана, тие нудеа ’ништо’ за помалку пари. Меѓутоа секој денар е битен кога платата доцни со месеци“

На тој начин се родила неговата приказна, а хуморот и болката воделе битка во неговото сценарио.
- Мојата потреба, во принцип за да направам филм, обично е дека сакам да раскажам некоја лична или интересна приказна за мене. На прво место е потребата да зборувам за некој проблем или за нешто што лично ми се случило и ме опседнало, опсервирајќи ги работите кои се случуваа во нашата земја низ годиниве, изјави Ставрески за МИА по проекцијата на филмот.

Тој не верува дека филмот ќе успее да разубеди некого, но доколку само еден гледач го смени мислењето би бил задоволен.
Ставрески смета дека е многу попаметно секој човек прво да ги примени сите оние научни методи кои му се на располагање и доколку здравството „крене раце“ од него, тогаш нормално е да се преземе се останато.
Тој има лошо чувство за денешното време во Македонија, „за што ја обвинувал транзицијата во државата, но како што минува времето смета дека виновна е целокупната деградација на целите и сите вредности што се случуваат ширум светот, а не само кај нас. Постои глобален тренд кај луѓето оти некои механизми кои доведуваат до тоа богатите да имаат уште повеќе, а сиромашните и оние од средниот слој да имаат се помалку“.
Филмот е приказна за младиот Веле, кој ќе украде марихуана од опасни криминалци со цел да му помогне на својот болен татко Саздо, што доведува до многу перипетии и бројни необични и апсурдни ситуации.

Во дебитантскиот игран филм на Ставрески, кој е македонско-грчка копродукција, главните улоги ги толкуваат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Диме Илиев и Симона Димковска.
Филмското остварување на Ставрески е во продукција на „Фрагмент филм“ и копродукција на грчката „Граал С.А.“, а финансиски е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, кој е филмски продуцент и поранешн прв човек на „Вардар филм“, истакна за МИА дека „ако се направи анализа ќе се утврди дека младите режисери се поуспешни од они кои ги нарекуваме ’етаблирани’ автори“.
- Мислам дека иднината на македоскиот филм е токму во тие млади луѓе, кои за минимални финансиски средства во споредба со оние кои ги добиваат „етаблираните“, создаваат нешто. Оваа и идната генерација која пристигнуваа, како Ѓорче, Дина Дума и други, сметам дека ќе направат добро за македонскиот филм и воопшто за државата и македонската култура, нагласи Тозија.
Според него, не постои рецепт за добар филм, во спротивно „Холивуд не би создавал неуспешни филмови“. Тој смета дека е тешко е да се направи филм како „Пред дождот“, но сепак верувам во овие млади луѓе.

„Исцелител“ денеска ќе има уште една проекција во Солун, а македонската публика ќе има можност премиерно да го погледне филмот на 19 ноември.
Солунскиот фестивал е еден од најголемите и најстари филмски фестивали на балканските простори. Оваа година тој се одржува од 2 до 12 ноември, а во главната натпреварувачка програма се наоѓаат дебитантски и втори филмови на автори од цел свет кои имаат субверзивен пристап.
Во трката за годинешната награда „Златен Александар“ се натпреваруваат 14 филмови, од кои три се грчки. Меѓународното петочлено жири, кое ќе ги оценува филмовите, е предводено од палестинскиот режисер, сценарист и продуцент Анемари Јасир.

Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија уапси три лица кои се осомничени дека преку социјалната мрежа „ТикТок“ објавиле дека се поврзани на исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ, потврди српското МВР.

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошки криминал ја идентификувале IP адресата на налог на корисник на територијата на Босна и Херцеговина кој во живо на „ТикТок“ изјавил дека исчезнатото девојче Данка Илиќ е во неговиот подрум.

Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила Б.Т, З.Т и М.Т, извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дал осомничениот се лажни.

Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, согласно законот, ќе го изведе осомничениот кај надлежниот обвинител за понатамошно постапување.

Сараевскиот портал „Аваз“ синоќа објави дека истражителите од Одделот за компјутерски криминал на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, по IP адреса лоцирале лица кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малата Данка, и кои побарале 50.000 конвертибилни марки (околу 25.000 евра) за обелоденување на таа информација.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во Бањско поле кај Бор, трае од вторникот. Во текот на ноќта полицијата дежурала во куќата каде исчезна девојчето. Во текот на вчерашниот ден со багер е расчистено земјиштето околу куќата во Бањско поле, од каде на девојчето и се губи секаква трага. Целта на ваквиот потег, како што јави дописникот на РТС, е да се провери дали има докази под гранките кои би помогнале во истрагата.

Во потрагата по девојчето учествуваат стотици припадници на полиција, жандармерија, ГСС, ловџии. Беа распоредени и беспилотни летала, со термални камери, а хеликоптерска единица го надлетува теренот.

Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се се уште на терен. Воедно, полицијата информира дека во тек е интензивна оперативна работа. /МИА

Петровска и Кросето ќе потпишат договор за патролирање над македонското небо

Министрите Петровска и Кросето ќе потпишат Технички договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО за патролирање над македонското небо.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска во Центарот за обука на пилоти во касарната во Петровец, ќе го потпишат Техничкиот договор за вклучување на Италијанските воздухопловни сили во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над македонското небо, соопштија од Министерството за одбрана.

На потпишувањето на Техничкиот договор со кој Италија и официјално ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија, како што е најавено, ќе му претходи заедничка средба на двајцата министри.

- Небото на Македонија со официјалниот почеток на НАТО „air policing“ мисијата во нашата земја во декември 2021 година, и официјално стана дел од колективниот систем на Алијансата за воздушно патролирање. Досега, воздухопловното патролирање беше доверено на грчкото воено воздухопловство, а отсега тоа ќе се врши со воздухоплови на грчките и на италијанските воздухопловни сили, во координација со военото воздухопловство на Армијата на Република Македонија, се додава во соопштението.

Мисијата за воздухопловно патролирање на нашето небо ја раководи Сојузничката воздухопловна команда на НАТО, а тактичката контрола на мисијата е под раководство на Центарот за комбинирани воздухопловни операции во Торехон, Шпанија.

Сончево и топло со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Како што соопштија од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена.

Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата. /МИА

притисни ентер