Радиоактивен облак над Европа, нешто се случило во Русија или Казахстан?

Радиоактивниот облак над Европа забележан изминатите недели наговестува дека се случила несреќа во нуклеарен објект во Русија или Казахстан во последната недела од септември.

Ова го соопшти Францускиот институт за нуклеарна безбедност(ИРСН).

ИРСН ја исклучува можноста дека се случила несреќа во нуклеарен реактор, наведувајќи дека најверојатно станува збор за несреќа во некој објект за третман на нуклеарно гориво или центар за радиоактивна медицина.

-Институтот напоменува дека несреќата не предизвикала влијание на човечкото здравје или природата во Европа, пренесе Ројтерс.
Францускиот институт воедно наведува дека не може точно да се определи локацијата од каде е ослободен радиоактивниот материјал, но дека на основа на метеоролошките податоци, најверојатно е ослободен од областа јужно од планината Урал, меѓу Урал и Волга.Што укажува на Русија или Казахстан.

-Руските власти истакнале дека не се информирани за некаков инцидент кој се случил на нивна територија, изјави за Ројтерс директорот на ИРСН Жан Марк Перес.

Директорот Перес изјави дека изминатите недели ИРСН и другите институти за нуклеарна безбедност од Европа измериле високо ниво на Рутенијум 106, радиоактивен нуклеид, кој настанува со делење на атомот во нуклеарниот реактор.

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка

Четврти ден ни трага ни глас од двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во непосредна близина на мајка си. 

Во областа утрово пристигнаа специјалци од Белград и Нови Сад и детално го пребаруваат просторот околу куќата пред која исчезна двегодишното девојче. Полицијата и денеска вршеше претреси во неколку куќи во Бањско Поље. Багерите го расчистуваат теренот бидејќи куќата на семејството е опкружена со депонија од гломазен отпад, се острануваа шутот за полицијата полесно да ја пребарува поблиската околина. 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила, придружени од далеку прочуениот белгиски овчар Зиги познат по херојските дела по разорниот земјотрес во Турција, пристигна во Бор, но засега ништо не води до трага што ќе ја разреши мистеријата. Како минува времето шансите се се помали, вели првиот човек на центарот за исчезнати деца, Игор Јуриќ. Единствена опција детето да е живо е некој да побара откуп за него или да се случи чудо вели Јуриќ, кој што го оцени случајот како исклучителоно специфичен поради возраста на детето.

„Се’ побудува сомнеж и сите оклности на ова исчезнување се сомнителни и будат сомнеж. Многу е тешко сега да се зборува за тоа. На прв поглед беше многу тешко да се поверува дека двегодишно девојче може да отиде толку далеку така што и пристигнувањето на полицијата на лице место толку брзо не ја пронајде, како прво. Второ, сите околности и пристугнувањето на тоа место зборуваме за детето како се нашло тука, подоцна многуте изјави на блиските лица на девојчето се многу контрадикторни и тоа се што апсолутно нам ни буди сомнеж. Едноставно ми се чини дека не постои личност која е во близина, а да не буди сомнеж.“- Игор Јуриќ, Директор на центар за исчезнати и малтретирани деца

Мајката на исчезнатото девојче Ивана Илиќ повторно била донесена во полициска станица за да даде изјава во врска со информациите до кои дошла полицијата. Повеќе српски медиуми денеска објавија дека вештачењето на нјзиниот мобилниот телефон наводно покажало дека многу пораки и податоци за повици биле избришани, но информацијата никој официјално не ја потврдува. Во морето од шпекулации, во јавноста се повеќе доминира впечатокот за можна инволвираност на родителите во случајот.

Инаку синоќа босанската полиција уапси три лица кои преку социјалната мрежа „Тик Ток“ тврделе дека знаат каде е Данка, побарале 50 илјади евра како награда, а по апсењето изјавиле дека се шегувале. По исчезнувањето во вторникот, во Србија за прв пат е активиран системот „Најди ме“.

Научна конференција „Македонците и граѓанската војна во Грција, 75 години потоа“

75 години од граѓанската војна во Грција која предизвика егзодус на десетици илјади Македонци од Егејска Македонија ширум светот, здружението Тга за југ го чува споменот за трагични настани, но дали и државата?

На меѓународната конференција што се одржа во Инситутот за македонски јазик, историчарот Тодор Чепреганов оцени дека по Преспанскито договор, практично самите сме се откажеле од сонародниците Грција.

-За жал со преспанскиот договор сега таму немаме македонци, туку имаме народ кој зборува јазик различен од грчкиот, се поставува и прашањето кои се тие македонци кои што учествувале во граѓанската војна ако не ги именуваме како македонци, затоа што сега имаме антички македонци во Грција и имаме овде на оваа страна други македонци, кои се тие е големо прашање.- Тодор Чепреганов - Историчар

Но, од здружението на децата бегалци - „Т’га за југ“ – велат дека Преспанскиот договор има и позитивни страни, па за разлика од некогаш кога се шепотел македонскиот јазик, денеска работите се променети на подобро.. Се најавуваат отворања на културни центри, послобдно се говори на македонски, се пеат песни и се обновува мелосот, велат од здружението...

-Ние многу тешко го примивме преспанскиот договор, промената на името за нас беше неприфатливо, меѓутоа па од друга страна мора да се признае дека после тој преспански, тој кобен преспански договор, малку по малку грците почнаа малку попријателски спрема нас, спрема нашите таму.- Евгенија Николовска – Републичко здружение на деца бегалци – Тга за Југ

Во војната за идеали помеѓу капитализмот и комунизмот во Грција, од 1946-49, Македонците влегле во борба на страната на комунистите од ДАГ со надеж за обединување и реализација на националните права.. Војната со помош на англиоските вооружени формации, ја добиле владините сили, кои преку палење и убиства, протерале според проценкит околу 50.000 Македонци, кои никогаш повеќе не смееле да се вратат во своите родни краеви.

Ерменските банки повеќе нема да прифаќаат руски банкарски картички „Мир“поради страв од санкции

Ерменските банки денеска објавија дека повеќе нема да прифаќаат руски платежни картички „Мир“ поради санкциите на Западот наметнати на Москва поради инвазијата на Украина.

Таа мерка стапува на сила утре и е слична на овонеделната одлука за мобилниот систем за плаќање „Самсунг Пеј“ („Samsung Pay“).

Одлуката е донесена во контекст на зголемените тензии меѓу Ерменија и Русија, чиј традиционален сојуз се чини дека се повеќе се доведува во прашање, пишуваат француските медиуми.

Во септември 2022 година, американското Министерство за финансии им се закани на странските банки со секундарни санкции доколку прифатат трансакции со рускиот платен систем „Мир“.

Банкарските картички „Мир“ им овозможуваат на Русите да вршат плаќања и да повлекуваат пари во некои странски земји.

На крајот на февруари американското Министерство за финансии воведе санкции за тој платен систем, со оглед на тоа дека им помага на Русите да „избегнат санкции“.

Сојузот на ерменските банки објави дека комерцијалните банки од утре ќе престанат да прифаќаат „Мир“ картички поради ризик од секундарни санкции. Исклучок ќе бидат картичките издадени од ерменската филијала на руската банка ВТБ, која е контролирана од руската држава.

По воведувањето на драстични западни санкции на почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, ерменските банки имаа голем прилив на пари од Русија, а како резултат на тоа нивниот профит се зголеми за три пати.

Илјадници Руси, исто така, најдоа засолниште во кавкаската земја за да ја избегнат репресијата и изгледите за мобилизација.

притисни ентер