Кевин Спејси отстранет од сите сцени во најновиот филм на Ридли Скот (видео)

Сцените со Кевин Спејси ќе бидат исечени од новиот филм на Ридли Скот поради многуте обвинувања за сексуално малтретирање против славниот актер. Филмот би требало да почне да се прикажува во киносалите во светот во декември.
Сите сцени со Кевин Спејси во филмот „Сите пари во светот“ (All the Money in the World) ќе бидат исечени и повторно ќе бидат снимени и монтирани со актерот Кристофер Пламер, потврди синоќа Сајмон Холс, задолжен за промоција на филмот.

Пламер веќе почнал со снимање на сцените. Се очекува дека и другите две ѕвезди во филмот, Марк Валбег и Мишел Вилијамс, ќе учествуваат во преснимувањето на сцените.

Филмот требаше да има светска премиера на фестивал на 16 ноември, но беше повлечен по низата обвиненија против Спејси за сексуално вознемирување. Спејси исто така е исфрлен и од серијата „Куќа од карти“ (House of Cards), која привремено е суспендирана.

Првите обвиненија против Спејси ги изнесе актерот Ентони Реп, кој обелодени дека во 1986 година кога имал 14 години, тогаш 26-годишниот Спејси, кој бил пијан, се обидел да го заведе.

Спејси рекол дека е згрозен од обвинувањата и тогаш првпат јавно призна дека е хомосексуалец.

Мексиканците носат картонска слика на навивач што доби забрана од сопругата да оди на Мундијалот

 Меѓу навивачите на мексиканската фудбалска репрезентација присутни на Мундијалот во Русија се најде и фотографија во природна големина на навивач залепена на картонска кутија.

 Се работи за Хавиер кој доби забрана од дома да патува на СП.

На сината маица на картонот Хавиер пишува: „Мојата сопруга не ме пушти мене“.

Мексико на стартот на Мундијалот ја победи Германија со 1:0, а пријателите на Хавиер му ветиле дека картонот со неговиот лик ќе го носат со себе и на следните натпревари. 

Фото: Наташа Беквалац се врати на сцената

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац прв пат по породувањето и скандалот со сопругот Лука Лазукиќ одработи еден настап.

Атрактивната  пејачка со својот сексапилен изглед и настап ја воодушеви публиката на настапот во еден познат белградски сплав.

Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер. 

притисни ентер