48-часовна дозвола за излез од затвор за грчки терорист обвинет за 11 убиства

Убил 11 лица, осуден е на 11 доживотни затворски казни, ја формирал терористичката организација 17 Ноември која над 25 години сееше страв во Грција, има одлежано 15 години, а од утрово има дводневна дозвола за излез од затвор – Димитрис Куфодинас денеска ја бранува грчката јавност.
Човекот кој стои зад убиството на поранешниот сопруг на Бакојани и пратеник на Неа димократија, но и зад убиствата на бизнисмени, воени аташеа, дипломати, гувернер на грчката банка итн, во придружба на сопругата, синот и адовкатката го напушти атинскиот затвор.

„Страста за слобода е посилна од сите ќелии.“ – извикуваа неколку поддржувачи на Куфодинас кои го пречекаа додека излегуваше од затворот.

„Дозволата е право на затвореникот, право кое беше стекнато со битки и жртвувања во затворот во изминатите години. Еден фер совет, донесе фер одлука донесена само врз база на законот. “ – рече адвокатката на Куфодинас, Јоана Куртовик.

Одлуката за доделување на дводневна дозвола за терористот предизвика реакции во Грција, особено во Неа димократија. Пратеничката Дора Бакојани, чиј сопруг беше еден од жртвите на Куфодинас, побара одговорност и став од владата, а видно вознемирена за грчката телевизија Скај ја коментираше 48 часовната дозвола за Куфодинас.

„Ако утре мојот внук Павлос ме праша: Бабо, овој е господинот што го уби дедо? И да ми покаже на Куфодинас кој седи во кафулето до нас, јас што да му кажам? Што ќе му кажам?  “ – рече Бакојани.

Во следните 48 часа, Куфодинас ќе треба 2 пати дневно да се пријавува во полициска станица и ова е прв пат по неколкуте одбиени барања да добие позитивен одговор и 2 дена да помине на слобода.

Фото: Српскиот џет сет на свадбата кај синот на Боба и Брена !!

Многу познати личности од јавниот живот беа присутни на свадбата на синот на Боба и Брена, Филип Живојиновиќ и пејачката од Гранд Александра Пријовиќ.

Кумови на Филип и Александра се кошаркарот Милош Теодосиќ и пејачот Аца Пејовиќ.

Меѓу 850 гости присутни на  џет сет свадбата одржана во „Белекспо центарот“ на Нов Белград  беа  браќата на Филип, Стефан и Виктор, мама Брена директорите на Гранд Саша Поповиќ и Жика Јакшиќ.

На елитната свадба   продефилираа и атрактивните пејачки на Гранд , Милица Тодоровиќ, Катерина Грујиќ  и  Милица Павловиќ.  Од младата гарда на Гранд  беа присутни и Николина и Саша Капор.

Свадбата на синот на Брена и Боба не можеше да мине и без Кебе, Маринко и  Никола Роквиќ, Саша и Дејан Матиќ  секако во друштво на своите сопруги.

Во ексклузивниот Белекспо центарот“  се појавија Јована и Жељко Јоксимовиќ, политичарот Млаѓен Динкиќ,  легендарниот Кики Лесандриќ.

Меѓу присутните беа и спортистите нашиот Перо Антиќ и српските тенисери Виктор Троицки и Илија Бозољац.

По една деценија повторно авто-трки во Кочани

По пауза од десет години, повторно ќе се вози традиционалната авто-трка во Кочани. 

На патеката Пониква, близу Кочани, следните два дена ќе се одржи втората трка од домашниот Шампионат на ридско-брзински патеки.

На патеката долга 6,4 километри учество ќе земат 25 домашни натпреварувачи, а се очекува и присуство на странски возачи. 

Официјалното отворање е закажано за в недела од 12:30 часот, а стартот на натпреварот е предвиден во 13:00 часот.

По успешниот старт на Водно, организаторот се надева дека ќе го врати сјајот на најатрактивниот спортски настан и во градот Кочани.

До крајот на натпреварувачката сезона во домашниот шампионат остануваат уште две ридско –брзински трки, во Крушево и на Водно. 

Гостите во шок: Љубовницата во венчаница влетала во црква (видео)

Млад пар организирал свое интимна венчавка во Бенонија, град во Јужна Африка, а никој не можел ни да се замисли дека веста за нивната свадба ќе стигне до светските медиуми.

Имено, свадбата течела според добро осмислениот план, а младенците уживале се додека одеднаш не се појавила љубовницата на младоженецот. Тоа што ги запрепастило многумина од гостите е фактот што таа се појавила во црквата облечена во бела венчаница.

Моментот кога анонимната жена влегла во црквата бил забележан од камерата, и на снимката се гледа како младоженецот се обидува да ја смири тензијата за церемонијата да се заврши докрај.

Сепак, присутните гости многу се вознемириле, некои врескале, што може да се слушне на снимката која на твитер ја објавил музичкиот продуцент од Јоханесбург, ди-џеј Нкокхи.

  

притисни ентер