Џорџ Клуни се откажува од глумата?!

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни наскоро сигурно нема да го гледаме на големото платно, поради тоа што славниот актер неодамна истакна дека актерството веќе не му е на листата на приоритети.

Имено големиот заводник засега се откажува од кариерата како актер, бидејќи смета дека долго време бил актер, а и веќе нема потреба од пари.

-Веќе долго работам како актер, а имам 56 години. Не сум веќе момче кое освојува девојки или барем не би требал да бодам. Со актерството  ги плаќав сметките но, сега го продадов филмот за една милијарда долари: парите веќе не ми требаат, изјави Џорџ Клуни .

Мегапопуларниот актер сепак дополнува дека дефинитивно ќе прифати добра улога во некој квалитетен филм. Но, проблем е тоа што веќе не правеле такви филмови.  

Мексиканците носат картонска слика на навивач што доби забрана од сопругата да оди на Мундијалот

 Меѓу навивачите на мексиканската фудбалска репрезентација присутни на Мундијалот во Русија се најде и фотографија во природна големина на навивач залепена на картонска кутија.

 Се работи за Хавиер кој доби забрана од дома да патува на СП.

На сината маица на картонот Хавиер пишува: „Мојата сопруга не ме пушти мене“.

Мексико на стартот на Мундијалот ја победи Германија со 1:0, а пријателите на Хавиер му ветиле дека картонот со неговиот лик ќе го носат со себе и на следните натпревари. 

Фото: Наташа Беквалац се врати на сцената

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац прв пат по породувањето и скандалот со сопругот Лука Лазукиќ одработи еден настап.

Атрактивната  пејачка со својот сексапилен изглед и настап ја воодушеви публиката на настапот во еден познат белградски сплав.

Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер. 

притисни ентер