Шилегов најави решавање на проблемот со уличните кучиња

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов заедно со претставници на здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ денеска го посетија стационарот за хуман третман на уличните кучиња „Вардариште“.
 Од здружението побараа да бидат вклучени во неговото управување .



Канал 5 дознава : Вечерва е уапсен убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев

Полицијата вечерва го уапси Филип Секуловски Кобра , убиец на Мартин Јанушев , кој пред две години беше убиен пред својот дом во скопската населба Аеродром.

Од МВР за Канал 5 информираат дека Филип Секуловски Кобра е веќе спроведен во затворот во Шутка.

Младиот фудбалер беше застелан пред неговиот дом на 4. ноември  2017 , по што Секуловски беше во бегство. 28- годишниот Јанушев беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.

Заев: Владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно оваа среда

Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда.

Франција и Германија синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи го амбиентот во пресрет на самитот на Советот на Европа.

Останувам силно убеден дека ќе добиемe датум за преговори, нагласи Заев пред почетокот на вечерашната 159 владина седница што се одржува во Битола.

-Синоќа почнаа и ќе продолжат да разговараат, а според моите информации владите на Германија и на Франција ќе имаат заеднички состанок, најверојатно во среда.  Утре почнува министерскиот Совет каде ќе ги знаеме првите индиции, а на 17 и 18 октомври ќе заседава Советот на Европа. Останувам силно убеден дека ние ќе добиеме датум, односно одлука за почеток на преговорите со која дефинитивно и оние аспирации на Франција за вградување на нова методологија со која ќе се даде фер шанса на сите земји што преговараат или ќе преговараат како што сме ние, да имаат можности и ако имаат добри перформанси да успеваат да одат напред, а ако некои од перформансите ги уназадуваат, тогаш да се вратат назад. Тоа е таа дискусија која што се води. Нема земја што во последниве 20 години што заслужила повеќе од Република Северна Македонија да ја добие оваа одлука за почеток на преговорите, изјави премерот Зоран Заев вечерва во Битола./МИА

Лувр трага по најскапата слика на светот – Дали шеик го сокрил портретот на Исус од Леонардо ?

Париски Лувр се подготвува за голема изложба на делата на Леонардо да Винчи , за која се очекува дека ќе има интерес во целиот свет.

Сепак, датумот на отворањето се наближува , останати се само две недели до отворањето, а одговорот на прашањето се уште не е познат: Дали ќе биде изложена најважната слика - ,,Исус Спасителот” на Да Винчи? Портретот на Леонард на Исус како спасител на светот е најскапата  слика на светот, која во 2017 година достигна цена на аукција од 450 милиони долари.

Весникот „Арт“ објави дека сликата можеби нема да биде поставена на изложбата во Лувр. Дури и познатиот музеј сеуште не го знае одговорот. На прашањето на новинарите во британски Обсервервер, портпарол на Лувр рече дека тие се обиделе да ја позајмат слика  ,,Исус Спасителот”.

„Сè уште не добивме одговор и немам понатамошен коментар“, изјави портпаролката.

Станува збор за една од најпознатите и контроверзни слики. До 20-от век не му се припишува на Леонардо: се сметаше дека припаѓа на училиштето на Џовани Болтрафи, сликар во раната ренесанса и ученик на Леонардо, а потоа дека била насликана од самиот Болтрафио.

Со тоа потекло е продадено во 1958 година на една аукција во Лондон за 45 фунти. Историчар на уметност со седиште во Њујорк и трговец со уметнички предмети, Роберт Б. Симон ја купи во 2005 година за 1.175 долари и во 2011 година потврди дека сликата е направена од самиот Леонардо.

„Невозможно е да се имитира стилот, уникатната иконографија и феноменалниот квалитет на сликање“, рече Симон за „Обсервер“. Не постои сомнителен квалитет: единственото прашање е дали сегашниот сопственик сака да го им го препушти делото на илјадници други. Рускиот олигарх Дмитри Риболовјев ја купил сликата во 2013 година за 127,5 милиони долари. Наводно, неговиот советник, швајцарскиот бизнисмен Ив Бувиер, ја купил сликата на приватна аукција во Сотби истиот ден, за 83 милиони долари.

Риболовјев не го чувал Исус на Леонардо за себе. Исто така, се шпекулира и дека ремек делото послужило за украсување на скапата суперјахта на саудискиот принц Мохамед бин Салман. Дали и од каде ќе се појави ремек делото засега е тајна , која ен ја знаат ниту во Лувр и велат да се почека две недели.

притисни ентер