“Престојот во мојата родна земја Украина беше понижувачки“

Холивудската актерка Мила Кунис во интервју за магазинот „Едит“ раскажа како останала незадоволна од патувањето во украинскиот град Черновци, во кои го поминала детството.
Според зборовите на актерката, идејата да отпатуваат во Украина била на нејзиниот маж, Ештон Качер за време на снимањето во Унгарија ова лето, па парот се одлучил да ја посети Украина.

Кунис за време на патувањето ги повикала и родителите,  со кои се преселила во САД во 1991 година, пренесува „Спутник“.

Актерката се обидела да го “почувствува“ местото каде што се родила, но не успеала.

„Кога слетавме, Ештон ме праша:’Што чувствуваш?’, а јас одговорив: ’Ништо, празнина’“, признала Кунис.

Ѕвездата на Холивуд изјави дека сакала да престојува во куќата во која некогаш живеело нејзиното семејство, но новите сопственици одбиле да ги пуштат.

„Новата сопственичка едноставно не одби. И беше сеедно. Јас и реков:’Тука сум живеела со родителите, кога бев мала’. Меѓутоа,, таа не ни ја отвори вратата. Сето тоа беше многу понижувачки“, изјавила славната актерка.

Почесна титула од Универзитетот „Мајка Тереза“ за нобеловецот Ферид Мурад

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска организира свеченост по повод доделување на титулата „Почесен доктор на науки“ на Ферид Мурад, светски познат лекар, фармацевт и нобеловец со потекло од Македонија. 

Ферид Мурад, кој во 1998 година доби Нобелова награда за физиологија и медицина, роден е во 1936 година во Индијана, САД. Има потекло од гостиварското село Лакавица, каде бил роден неговиот татко. 

Автор е на голем број научни трудови од областа на клиничката фармакологија. Во негова чест гостиварската општа болница го носи неговото име. 

На настанот по повод доделувањето почесна титула денеска на Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе присуствува министерот за образование и наука Арбер Адеми. 

Плејбој зајачицата тврди: Новиот филм за Хју Хефнер ќе ги згрози гледачите

Најновиот документарец за животот во Плејбој вилата, ќе ги открие најмрачните тајни на основачот на истоимениот магазин, Хју Хефнер.

Некогашната плејбој зајачица Карла Хау, која во неа живеела заедно со нејзината сестра близначка Мелиса, изјавила дека овој филм ќе ги “згрози гледачите“.

Хефнер, познат по својот хедонизам, но уште попознат како основач на „Плејбој, најпознатиот магазин за мажи, живеел во својата вила со многубројни убавици. Меѓутоа, на јавноста сега, во новата емисија за него, ќе и биде откриено каков бил во своите четири ѕида и како се однесувал спрема девојките.

„Моментално се снима документарецот за вилата. Продуцентите ги канат девојките кои живееле во вилата“ – открила таа за „Дејли меил“.

Иако изјавила дека не присуствувала на ниту еден инцидент, Карла додала дека слушнала “многу грозни работи за Хефнер“.

„Никогаш немав лошо искуство со него, но многу девојки имаа. Некои од нив дури сега проговорија  тоа што ќе го слушнете не е воопшто убаво. Некогаш држеше по осум девојки затворени во соба, кои го чекаа својот ред кај него. За среќа, мене никогаш не ми се случи ништо лошо. Кога живеев во вилата, Хју веќе беше оженет, па така можам да речам дека сум една од ретките кои добро поминаа“ – изјавила Карла.

Додала дека многу од девојките и рекле дека е “вистинска среќница“ што не дошла порано, туку откако Хефнер бил оженет. Тврди и дека Хју знаел оти тие работи кога тогаш ќе излезат на виделина.

„Девојките знаеја во што се впуштаат кога се согласуваа на неговите услови, а сакаа своите животи да ги заменат за кариера. Секако, некои од работите кои се случиле ужасни и тоа никако не е во ред“ – открила таа.

Инаку, првата плејбој зајачица која јавно проговори за животот во Плејбој вилата беше Холи Медисон, која со Кендра Вилсон живееше кај Хефнер цели седум години.

„Морав да изгледам како се да ми е фантастично, а бев ужасно несреќна. Вики доведуваше голем број на жени во неговиот кревет, и јасно ми е зошто тоа го правеше – што повеќе ги имаше, помала беше шансата дека таа ќе мора да има секс со него“ – открива Холи во автобиографијата која ја објави пред три години.

И Кендра зборуваше за сексот со Хју: „За да ја преживеам ноќта, бев пијана и дрогирана. Немаше друг начин, а не можев да побегнам“.

Какви автомобили возат светските лидери? (фото)

Последните недели во центарот на вниманието беше премиерата на новата лимузина на претседателот на Русија, Владимир Путин, но тој не е единствениот лидер кој ужива во луксузниот превоз.

Претседателските лимузини секогаш привлекуваат внимание кај обичниот народ, без оглед дали станува збор за некои ексклузивни модели или некои други автомобили.

Од земја до земја се разликуваат потребите и желбите на челниците па така некои возат во стандардни седани, други во продолжени лимузини, трети во теренци, четврти во класици, има и кабриолети, дури и комбиња, но приказна за себе е поранешниот претседател на Уругвај.

Погледнете и сами.

притисни ентер