Еден век од раѓањето на најпознатиот македонски муралист

Ликовни дела на Борко Лазески од колекцијата на неговото семејство во вторник ќе бидат изложени во ателјето на уметникот во Скопје.

Поводот е сто години од раѓањето на Лазески (Прилеп, 22 октомври 1917), академски сликар, муралист, педагог, продолжувач на традицијата на фрескосликарството и заслужен за процутот на монументалната уметност во Македонија. Организатор е неговата ќерка, Росица Лазеска, која со изложбата-омаж сака навремено и соодветно да го одбележи едновековниот јубилеј затоа што тоа изостанува институционално.

- Сто години од раѓањето на Борко Лазески е во програмата на Националната галерија на Македонија, но таа не стаса тој проект да го оствари, бидејќи за период од три години кустосот еднаш-двапати контактираше со фамилијата. Сметам дека за сто години треба да се направи една убава и пристојна изложба, не провизорно и на трчање да се закачи и да се слика ваму-таму нешто на плотери. А таква изложба не може да се направи со едно доаѓање во ателје и, практично, со ниеден контаккт на кустосот со фамилијата. Затоа одлучив скромно, во куќата, да се одбележи неговиот стоти роденден. Се надевам дека ова ќе ги разбуди институциите и ќе најдат начин за догодина да се направи како што треба. Средства од Министерството за култура се одобрени, Министерството својата работа ја заврши многу фер и сум задоволна од контактот што го имав, но тие средства не можат да се искористат затоа што работата не е сработена, изјави Лазеска за МИА.

Во ателјето во куќата во Дебар Маало, каде што Борко Лазески создавал и живеел до смртта во 1993, посетителите на 24 октомври од 19 часот ќе може да видат мал избор од колекцијата негови дела, пред се од парискиот и од багдадскиот период. Од 1956 до 1958 Лазески како стипендист на француската Влада бил во Париз и како завршен студент ги учел монументалните техники во студиото на Андре Лот. Во Багдад, пак, бил професор на Ликовната академија од 1960 до 1967 година. Од тој период произлегол обемен опус на слики поврзани со животот во Ирак.

Лазески потекнува од семејство кое се занимавало со цртање орнаменти по куќи. Неговиот татко имал работилница во Прилеп, а Борко му помагал во работата. - Така што, тој отсекогаш бил во допир со ѕидот. Неговиот професор Мило Милуновиќ во Белград гледајќи му ги цртежите - мали, но со јаки и убави потези, во него открил талентиран муралист, раскажува Росица.

Монументалната (225 метри квадратни) „Фреска за НОБ“ во холот на некогашната Скопска железничка станица имала големо влијание врз уметниците од 1950-тите години, но била уништена во земјотресот во 1963, а лоша судбина имаа и пет кубистички фрески со мотиви од Народноослободителната војна на ѕидовите во главната сала на главната Пошта во Скопје кои изгореа во пожар во јануари 2013.

Ѕидно сликарство со потпис на Лазески има во Историскиот музеј во Крушево, во касарната во Велес, во участокот во Прилеп, во Кичево..., а негови витражи може да се видат во Македониумот во Крушево и во Комплексот банки во Скопје.

- Најважно за него беше што во 1991 година, пред крајот на животот и на 74 години возраст, успеа да ја обнови фреската од Железничка уништена во земјотресот. Таа е сега во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во неговиот роден Прилеп и многу малку луѓе знаат дека тој неа ја обнови. Вистина, во малку помали димензии (175 квадрати) затоа што е сега во два дела. Цел живот бараше ѕид да ја обнови таа фреска, вели Лазеска.

Ја обновил и фреската „Илинден 1903“, која (заедно со мозаикот „Стража над татковината“) била во некогашниот Дом на ЈНА во Скопје и се урнала во земјотресот. Сега се наоѓа во хотелот „Монтана“ во Крушево. Му беше многу драго да се обнови, вели Росица, зашто беше негова прва фреска (1950). Додава дека засега нема интерес за обнова на муралот што изгоре во поштата.

- Може да се обнови ако се сака, јас картоните ги имам, но треба да постои интерес. Денес се мисли дека е тоа од НОБ, нешто завршено, меѓутоа тоа е дел од историјата, смета Лазеска.
Нејзиниот татко во животот вкупно изработил околу 800 квадратни метри фрескосликарство и е автор на околу 200 квадрати витраж. Лазески имал ретка можност да биде поканет да направи два мурала во Мексико Сити. Еден од нив („Желба за мир“ во техника акрилик со 3,6 м на 10,5 м) се наоѓа во Технолошкиот музеј во центарот на мексиканскиот главен град.

Најпознатиот македонски муралист е и еден од основачите на Средното уметничко училиште, неговата кариера ја обележува и педагошката работа од која произлегол учебникот „Ликовна култура“. /МИА

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле. /МИА

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

притисни ентер