Фити: Настојуваме да ги исполниме пораките на првиот претседател на МАНУ

Настојуваме да ја исполниме пораката на Блаже Конески - дека институција како што е МАНУ има смисла да постои само ако во неа членуваат луѓе со висок дигнитет и кои се подготвени да продуцираат високи културни вредности.

Тој своевремено укажа и дека има нешто свечено во Академијата, така што ние ја комбинираме работната функција на МАНУ, но настојуваме да го сочуваме и нејзиниот репрезентативен карактер. Мислам дека прилично успеваме во тоа, истакна претседателот на МАНУ Таки Фити на отворањето на свечениот собир посветен на нејзиниот прв претседател.

Ја потенцираше заслугата на Конески за афирмација на македонскиот јазик. - Таа е многу голема бидејќи за релативно краток период успеа толку многу да го развие што за 10-15 години македонскиот стана рамноправен јазик во големото семејство словенски јазици, рече Фити.

На собирот за Конески, кој МАНУ го организираше по повод 50 години од своето постоење, тројца македонисти странци - Кристина Крамер од Канада, Виктор Фридман од САД и Зузана Тополињска од Полска, раскажаа спомени од првата средба со Конески и за неговото влијание во нивните кариери на лингвисти.

За Крамер, која е професор на Универзитетрот во Торонто, Конески не бил само најистакнат македонски интелектуалец со меѓународна репутација, туку и великодушен учител кој и ја отстапил и својата канцеларија за работа во Институтот за македонски јазик додека била на специјализација во 1981/1982 година. Го нарече лингвист со срце, поет со ум на јазичар и мераклија на анегдоти. Зачудена е што има напаѓачи на неговата личност и дело и рече: Загатка и трагедија е да се напаѓа толку голем човек во олку мала земја.

Академик Тополињска рече дека нивното пријателство траело 30 години, од првата средба на семинар во Сплит во 1958 година. Токму Конески и помогнал да се пресели од Полска во Македонија со намера да студира македонски јазик. И овозможил да биде визитинг-професор со што, рече, и дал можност првпат да работи со студенти и да ги унапреди полонистичките студии на Скопскиот универзитет.

- Ги читав, ги студирав неговите лингвистички трудови. Ме фасцинираше дека во фокус на неговиот интерес секогаш е човекот во врска со неговиот јазик. Тој човекот го карактеризираше преку јазикот и обратно, рече Тополињска.

Виктор Фридман, професор на Универзитетот во Чикаго, се сеќава на Конески како на човек кој секогаш љубезно му одговорал на сите прашања. Го третирал како колега и кога имал 21 година кога првпат во 1971 дошол на Семинарот за македонски јазик во Охрид. Нивниот однос, рече, низ годините прераснал од ментор - студент во пријателски и колегијален.

- Конески е пример како науката се штити од политиката, рече Фридман раскажувајќи за тоа како Конески успеал да го организира престојот на лингвистот Хорас Лант од Универзитетот Харвард во 1951 година, време кога било тешко, рече Фридман, некој американски научник да дојде во тогашна Југославија. Некои негирања дека македонскиот јазик е словенски, пак, Фридман ги нарече заблуда што може да се спореди со идејата дека Земјата е рамна.

Академик Милан Ѓурчинов, кој зборуваше за поетското дело на Блаже Конески, рече дека иако отпрвин имале различни ставови по некои литерарни прашања, во последната деценија од животот на Блаже станале блиски пријатели и имале идентични погледи по низа прашања од национален карактер.

- Блаже Конески е единствената личност во нашата историја за цело едно столетие. И по 25 години од нејзината смрт, таа личност не само што не е достигната, туку не е ни добро сфатена, рече академик Ѓурчинов на свечениот собир во МАНУ посветен на Блаже Конески (1921-1993). /МИА

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

Актуелниот парламентарен состав треба да одржи седница за инаугурација на новиот претседател

Актуелниот парламентарен состав треба да одржи седница за инаугурација на новиот претседател, нов Парламент до 28 мај.

Најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарен состав, согласно новиот Деловник на Собранието. Седницата ќе трае најмногу три дена, а треба да ја свика сегашниот претседател на Собранието Јован Митрески. Доколку тој не го стори тоа, на 21 ден по изборите седницата ќе ја свика најстариот пратеник и ќе претседава со седницата до изборот на нов спикер. Претседател на новиот параментарен состав, согласно роковите од новиот Деловник, се очекува да биде избран најдоцна на 1 јуни.

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска на средба со новинарите информираше дека тој исто така до 12 мај треба да ја свика и седницата за инаугурација на новиот претседател, по изборите на 24 април и евентуален втор круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

Во Собранието денеска треба да започне последната нова пленарна седница и да заврши до утре, а закажани се и продолженија на неколку други седници. Митрески нагласи дека на седницата е предложена Декларација за одбележување на четвртата годишнина од НАТО и 75 години од основање на Алијансата. Претседателот на Собранието смета дека е многу значајно да се донесе оваа Декларација на самиот крај овој мандатен состав и со тоа ќе остават порака за идните пратеници.

Тој вели дека има простор до почетокот на кампањата за претседателските избори следната недела за седница за евентуални итни прашања. Додека трае изборната коампања не планира да свикува седници и сите други активности на Собранието ќе бидат сведени на неопходниот минимум со цел да се избегне можноста за злоупотреба на собраниската говорница. Митрески посочи дека ова се редовни парламентарни избори и дека согласно Уставот, Собранието не е распуштено и останува во постојано заседание.

За време на овој парламентарен состав 2020-2024 закажани се 149 седници, 102 се завршени, а 46 незавршени. Донесени се 548 закони. Имајќи ги предвид и другите акти, одлуки и извештаи вкупниот број е 832. Не се донесени 130 акти кои се влезени во процедура и не се завршени.

Во мандатот на Митрески што започна на 26 јануари, донесени 72 закони и одлуки.

Народна банка и ЕБОР потпишаа Меморандум на разбирање

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Народната Банка на Македонија со задоволство известуваат дека Народна Банка е основачки потписник на Финансискиот код на жени предприемачи во Македонија.

Народна Банка и ЕБОР потпишаа Меморандум за разбирање на настан во просториите на Народна Банка на 28 Март 2024, во Скопје, каде се обврзаа да работат заедно на имплементација на кодот и званично да го објават почетокот на истиот во Македонија. Финансискиот код за жени предприемачи е иницијатива поддржана од ЕБОР, Финансиската иницијатива на жени предприемачи и националната коалиција на јавни и приватни ентитети. Кодот има за цел да го зголеми финансирањето на микро, малите и средни претпријатија управувани од жени. Како потписник за Македонија, Народната Банка е горда што ќе овозможи лидерствово соработката со останатите домашни институции, со цел да ја подобри размената на информации и да превземе активности кои ќе помогнат да се отстранат ограничувањата и финансиските јазови за жените претприемиачи.

Финансискиот код за жени предприемачи е основан во 2017 година, од Светска банка со поддршка во вид на донации од 14 влади. До денес има дистрибуирано над 3 милијарди американски долари (2,8 милијарди евра) на над 150.000 бизниси управувани од жени во земјите во развој и оние со среден приход.

Ангеловска Бежоска, Гуренер на Народната Банка на Македонија изјави: ,,Поддржувањето на бизнисите управувани од жени е круцијално во борбата за родова еднаквост. Централната Банка ќе биде активно инволвирана во образување на клиентите за можностите и обврските кои кредиторите ги имаат кон нив, како и за обезбедување на информации за кредитирање на компаниите управувани од жени, кои ќе придонесат кон подобар пристап на жените претприемачи во финансирањето”.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Македонија истакна: ,,За нас во ЕБОР, промовирањето на родова еднаквост е еден од врвните три стратешки приоритети, а поддршката на жените претприемачи е клучен дел од тоа. Финансискиот код на жени претприемачи е неверојатно интересна можност за катализирање на постоечките напори во оваа област. Ни претставува задоволство да соработуваме со Народна Банка на Македонија".

ЕБОР и Народна Банка ќе работат заедно во зголемување на бројот на потписници на Кодот, обезбедувајќи ентитети кои даваат финансиски услуги, поттикнувајќи соработка со креаторите на политиките и другите играчи во еко системите, за да ја го зголемат генерирањето на податоци за родовата застапеност кај МСП, и да промовираат користење на креирани политики и производи кои се добри за микро, малите и средни препријатија, управувани од жени.

Македонија се приклучи на ЕБОР во 1993 година. До денес има инвестирано над 2,6 милијарди евра во над 180 проекти, од кои скоро половина во приватниот сектор. Приоритет на Банката за земјата е да ја поддржи конкурентноста, зелената транзиција и натамошната интеграција во регионалните и глобалните пазари.

ЕБОР

притисни ентер