Лицата со оштетен вид бараат уривање на бариерите

Живот без светлина, денови без да можете да го видите она на што најмногу се радувате.
Јована Трајчевска од својата прва година останала без вид. Живее во интернатот за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“’ четири години.

Таа има 11 години. Најмногу им се радува на животните. И е љубител на поезијата, има издадено книга „тајните на моето срце“.

На светскиот ден на белиот стап, таа не покани во нејзиното училиште каде имаше свеченост за 15ти октомври денот посветен на овие луѓе. Тие бараат прилагодување на улиците, тротоарите и звучната сигнализација на нивните потреби.

Во недела во пет до 12 часот на плоштадот Македонија ќе го одбележат ден, ги покануваат сите граѓани да дојдат и да се запознаат со овие луѓе.

Ѕвездата на ,,Сексот и градот” ја откри најголемата тајна – ,,Синот ми беше ќерка”

Ѕвездата на серијата ,,Сексот и градот “, Синтија Никсон ја откри неверојатната тајна за нејзиниот 21 годишен син.

Синтија Никсон (52) деновиве на Инстаграм се пофали дека нејзиниот син Самјуел дипломираше , но при тоа откри и еден неверојатен детал. Синот на Синтија се родил како девојче и се викал Саманта.

Со објавата ,Синтија сакала да го одбележи светскиот ден на трансродните лица и да укаже на борбата против нивната дискриминација. Инаку , Синтија го добила Самјуел во брак со поранешниот сопруг Дени Мозес , со кого го има и 15 годишниот син Чарлс.

Тие се разведоа во 2003 година за во 2012 Синтија да се венча со активистката Кристина Марињони. Со Кристина Синтија го доби синот Макс , кој е зачнат од донатор на сперма.

Сообраќајни полицајки во жешки панталони (ВИДЕО)

Сообраќајни полицајки во провокативни панталони го регулираат сообраќајот во Либан со цел да го зголемат бројот на туристи.

Либанските власти за оваа летна сезона подготвија посебна униформа за атрактивните полицајки . Тие во куси и тесни панталони и припиени маички го регулираат сообраќајот со цел да привлечат туристи од регионот.

,,Дури 99 проценти од туристите во медитеранските земји носат куси панталони и не гледам каде е проблемот ако и ние малку ја скусиме униформата .”, изјави градоначалникот на туристичкиот град Бруман , Пјер Акар .

Тој вели дека сака да ја смени црната слика која туристите ја имаат за Либан .

Славна актерка на 55 години роди петто дете

Славната актерка и манекенка ,Бригит Нилсен роди петто дете не 55 годишна возраст.

Славната данска актерка и манекенка роди петто дете , прво заедничко со нејзиниот сопруг Матео Деси. Бригит роди здрава ќеркичка ,на која родителите и дадоа име Фрида.

Бригит се породи без никакви проблеми во приватна клиника во Лос Анџелес. Атрактивната актерка е во брак со Матео од 2006 година.

Таа зад себе има четири брака , меѓу кои и со познатиот Силвестер Сталоне . Бригит има четири возрасни синови.

притисни ентер