Се истопила: Вовела две големи промени и за година дена ослабела неверојатни 88 килограми (фото)

Во почетокот на 2016 година Џесика Беникез застанала на вагата која покажала 160 килограми.
Тоа било вистински шок за неа, поради што одлучила да ги промени своите животни навики и конечно да го изгуби вишокот килограми.

И покрај фактот што во средно училиште се занимавала со спорт, во текот на годините постепено се предала на седечкиот начин на живот. Со лоши прехранбени навики, килограмите само се зголемувале.

„Бев пребирлива кога стануваше збор за храна. Воопшто не консумирав зеленчук. Секој ден јадев само брза храна. Лежев во кревет и гледав серии. Само сакав да јадам, да одам на работа и да ги гледам своите серии“ – откри Џесика во интервјуто за магазинот „Пипл“.

Како што изјави во 2016 година конечно сфатила дека не се чувствува добро во сопствената кожа.



„Ми беше тешко да станам од кревет. Се чувствував бедно. Знаев дека морам да ги изгубам килограмите бидејќи добив и висок крвен притисок, но ми требаше нешто повеќе од година дена за да сфатам колку е тоа опасно и дека морам нешто да преземам. Се спремав да започнам со гледањето на уште една серија, но тогаш си реков не може повеќе вака. Не сакав да седам во кревет и да не правам ништо. Се чувствував мрзливо. Не сакав дури ни да се дружам со своите пријатели“ – искрена е Џесика.

Така преку ноќ ја променила својата исхрана. Ја исфрлила брзата и нездрава храна и ја заменила со нови намирници. Наместо хамбургер вовела хумус, свежо сирење, јогурт, свеж зеленчук и омилената салата со пилешко.

Џесика открила дека за појадок обично избира овошен смути во кој додава овесни снегулки и ленени семки  или подготвува кајгана со печурки, домати, спанаќ и фета сирење.

Покрај исхраната, за да ги изгуби килограмите неопходно било да воведе физичка активност.

Така Беникез прво почнала со вечерни прошетки во кои би поминала два до три километри и почнала да вежба со видеа од Јутуб.



Откако влегла во форма, почнала да вежба во теретана.

„Го одложував тоа бидејќи бев нервозна. Не сакав луѓето да ме гледаат. Ми беше срам што сум млада и дебела. Кога поминуваш низ теретаната, гледаш многу фит луѓе и тоа ме плашеше“, признава Џесика.

Во теретаната започнала да вежба со личен тренер и секој ден вежбала по еден час, а денеска толку многу ужива што тоа го прави и по два часа на ден.

За целосниот потфат на слабеење и биле потребни 19 месеци, а изјави дека само една одлука и го променил животот.

„Никогаш не мислев дека ќе бидам овде каде што сум денес. Бев срамежлива, а сега имам многу повеќе самодоверба и многу повеќе енергија. Претходно ми требаа 20 минути да поминам еден километар, а сега ми требаат 50 минути да претрчам 10 километри. Неверојатно е што се можам сега да направам, а претходно не можев“ – заклучува гордо Џесика.

Новозеландската премиерка одбра Маорско име за ќеркичката

Премиерката на Нов Зеланд , Џесинда Ардерн , која се породи во четвртокот на Инстаграм го објави името на бебето.

Ќеркичката ќе се вика Неве Те Ароха , во чест на маорското наследство на Нов Зеланд.37 годишната премиерка  и нејзиниот сопруг , ТВ водителот Кларк Гајфорд заеднички го избрале името .

Неве означува ,, блескава и озарена “ како и ,,снег“ , бидејќи девојчето е родено среде зима и тоа за време на Маорската нова година . Нејзиното второ име Те Ароха значи ,,љубов” на јазикот кој го говорат Маорите.

,,Името Те Ароха го одбравме поради количеството љубов со која го опсипавме бебето и пред да се роди “ ,  објаснува премиерката.Во чест на раѓањето на бебето Симфонискиот оркестар на Нов Зеланд ја сними Брамсовата приспивна песна ,,Cradle song” на јазикот Те Рео Маори, кој го говорат повеќето припадници на домородната заедница на островите на Пацификот.

Ѕвездата на ,,Сексот и градот” ја откри најголемата тајна – ,,Синот ми беше ќерка”

Ѕвездата на серијата ,,Сексот и градот “, Синтија Никсон ја откри неверојатната тајна за нејзиниот 21 годишен син.

Синтија Никсон (52) деновиве на Инстаграм се пофали дека нејзиниот син Самјуел дипломираше , но при тоа откри и еден неверојатен детал. Синот на Синтија се родил како девојче и се викал Саманта.

Со објавата ,Синтија сакала да го одбележи светскиот ден на трансродните лица и да укаже на борбата против нивната дискриминација. Инаку , Синтија го добила Самјуел во брак со поранешниот сопруг Дени Мозес , со кого го има и 15 годишниот син Чарлс.

Тие се разведоа во 2003 година за во 2012 Синтија да се венча со активистката Кристина Марињони. Со Кристина Синтија го доби синот Макс , кој е зачнат од донатор на сперма.

Сообраќајни полицајки во жешки панталони (ВИДЕО)

Сообраќајни полицајки во провокативни панталони го регулираат сообраќајот во Либан со цел да го зголемат бројот на туристи.

Либанските власти за оваа летна сезона подготвија посебна униформа за атрактивните полицајки . Тие во куси и тесни панталони и припиени маички го регулираат сообраќајот со цел да привлечат туристи од регионот.

,,Дури 99 проценти од туристите во медитеранските земји носат куси панталони и не гледам каде е проблемот ако и ние малку ја скусиме униформата .”, изјави градоначалникот на туристичкиот град Бруман , Пјер Акар .

Тој вели дека сака да ја смени црната слика која туристите ја имаат за Либан .

притисни ентер