АВМУ: Од полноќ запираат сите облици на медиумско претствување за изборите

Од полноќ завршува изборната кампања за првиот круг од локалните избори и почнува изборниот молк, кога може да се известува за изборите и текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно месиумско преставување, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
- Според изборниот законик за прекршување на изборниот молк ќе се смета емитување било какви информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат на одлуката на избирачите, податоци кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во соопштението од АВМУ.

Агенцијата ги потсетува радиодифузерите дека треба да ја прилагодат својата програма веднаш со започнувањето на изборниот молк за да избегнат какво било прекршување на изборниот молк, затоа што, како што посочуваат, согласно изборниот законик единствена мерка е покренување прекршочна постапка пред надлежен суд.

Изборниот молк кој трае до 19 часот на денот на изборите - 15 октомври. /МИА

Ердоган со двојна победа на изборите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган победи на предвремените претседателски избори во Турција, а неговата партија на парламентарните избори.

Според резултатите од над 91 процент од гласовите , Ердоган освоил 53,16 проценти , со што го обезбеди новиот петгодишен мандат .

Неговиот најсериозен противкандидат Мухарем Инче освои 30 , 54 проценти , а останатите четворица кандидсати помалку од десет проценти од гласовите.

И владејачката партија АКП на Ердоган победи на парламентарните избори со 54 ,14 проценти од гласовите . Одѕивот на 56 милионското гласачко тело бил 87 проценти .

Опозицијата имаше голем број забелешки за изборни нерегуларности , особено на југоистокот на земјата .

Заврши трилатералната средба на Могерини со Тачи и Вучиќ

Во Брисел заврши средбата на шефицата на Европската дипломатија Федерика Могерини со претседателите на Србија и на Косово.

Пред заедничката средба , Могерини одвоено се сретна и разговараше со Александар Вучиќ и Хашим Тачи за надминување на проблемите меѓу Приштина и Косово. Во тек е повторно средба на Могерини со Вучиќ , а можно е во текот на вечерта да се одржи и состанок меѓу двајцата претседатели , за потоа сите тројца да имаат уште една рунда преговори. Како што јавуваат српските медиуми , по завршувањето на преговорите е најавена писмена изјава од Европската Комисија .

,, Договорено е сите проблеми да се решаваат на мирен начин , со взаемна почит. Тоа е многу важно за Србите на Косово , за сите граѓани на Србија . разговаравме за тоа да се фокусираме на дијалог , да покажеме дека можеме да разговараме и да поченме да ги решаваме отворените проблеми . Не сум преголем оптимист , но отворивме многу прашања ,”, изјави Вучиќ по средбата во Брисел.

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека состанокот бил тежок , но станува збор за решавање на стогодишен проблем. ,, Не сум наивен па да мислам дека веднаш ќе пронајдеме итно и магично решение за иднината . Не можеме да останеме жртви на горчливото минато , туку да гледаме кон иднината и придобивките за нашите земји и граѓани “ , рече Тачи кој очекува големи придобивки од ЕУ по нормализацијатан на односите со Србија.

Макрон на удар на јавноста поради фотографија со ЛГБТ група

Францускиот претседател Емануел Макрон е на удар на јавноста , откако денеска на социјалните мрежи беа објавени фотографиите со ЛГБТ музичка група во Елисејската палата.

Претседателот Макрон и неговата сопруга Брижит се фотографирале во Елисејската палата со дел од учениците на отворениот музички ден . На една од фотографиите претседателската двојка е во друштво со ЛГБТ музичка група . јавноста го обвинува за понижување на претседателската функција.

Меѓу најгласните критичари беа политичарите од десницата , како Мари ле Пен која го критикуваше Макрон з аначинот на кој се потсмева со местото каде вообичаено со високи почести се примаат странски државници.

Фотографијата била направена од шефот на протоколот на Брижит Макрон , а потоа објавена на социјалните мрежи . ,, Викајте ме господин претседател “ , напишаа иронично дел од пратениците , алудирајќи на пораката што Макрон им ја упати на младите да се однесуваат кон него со почит.

Најмногу коментари предизвика маицата на еден од музичарите , Киди Смајл на која пишуваше :,, Јас сум син на мигрант , црн сум и геј”.

притисни ентер