На Европа и се заканува ураганот Офелија

Ураганот Офелија, кој неодамна беше формирана над Атлантикот, а вчера прерасна во ураган од прва категорија, може да погоди делови од Европа.
Американсата специјализирана телевизија за временска прогноза „Канал за време“, јави дека Офелија би можела уште овој викенд да стигне до португалските Азорски Острови, а потоа, според сегашните прогнози, би требало да дојде до Ирска.

– Офелија е веќе десетата бура оваа сезона во Атлантикот, која добила име, што не се случило од 1893 година, изјави метеорологот Фил Клоцбах, експерт за тропски бури кој работи на Универзитетот во Колорадо.

Исто така, Офелја најверојатно ќе биде само 15-ти регистриран ураган кој стигнал до  Азорските Острови од 1851 година.

Американскиот Национален центар за урагани прогнозира дека Офелија до понеделник, патувајќи бавно кон североисток,  западно од Пиринејскиот Полуостров ќе стане пост-тропски циклон, но сепак може да развива урагански ветрови.

Жариштето на бурата би требало да остане далеку од копното, но нејзините рабови, токму кога ќе преминува од тропска бура во пост-тропски циклон, ќе донесат силен ветар и пороен дожд на западниот брег на Шпанија и Португалија.

Тоа досега, откако се вршат мерења, е регистрирано само двапати – во октомври 1842 и во октомври 2005 година, кога двете држави ги погодија остатоците од ураганот Винс, кој потоа стана тропска депресија.

Британскиот метеоролошки институт, преку Метеоалармот веќе издаде жолти предупредувања поради силниот ветер што се очекува во Шкотска, Велс и западна Англија. Метеоролозите во Ирска, исто така, издадоа жолти предупредувања за целата држава.

Чижов: Русија не е против ширењето на ЕУ, но натамошното ширење на НАТО е „нешто друго“

Српски Спутник денеска го објави коментарот на постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов во кој тој ги објаснува негативните последици од можното зачленување на Македонија во НАТО.

Според Чижов, Русија не е против ширењето на ЕУ, бидејќи секоја држава има право самостојно да носи одлуки, но понатамошното ширење на НАТО е „нешто друго“.

- Ширењето на НАТО е нешто друго. Тоа во суштина е обид со закани и со предизвиците на 21-от век да се даде отпор со средства од 20-от век. Секако, ние нема да фрламе атомски бомби....како што кажав, секоја држава има право до носи одлуки и да прави свои грешки. Но, постојат грешки кои имаат последици, констатираше рускиот дипломатски преставник во ЕУ.

Најмалку 25 повредени во експлозија во Германија

Најмалку 25 лица се повредени , од кои четворица потешко во експлозија во германскиот град Вупертал.

Експлозијата се случила нешто пред полноќ во станбена зграда  , што предизвикало паника кај граѓаните.

Пожарникарите неколку часа го гаснеле пожарот , а истрагата за причините е во тек.

Манчевски и Царовска: Обезбедување квалитетни јавни услуги достапни до сите граѓани е приоритет во нашата работа

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се обратија на министерската конференција што се одржува во Маракеш, Мароко.

Конференцијата се одржува во рамки на меѓународниот форум за јавна администрација на тема: "Трансформирање на власта за остварување на целите за одржлив развој", во организација на Обединетите Нации, се наведува во соопштението на Владата.

Министерот Манчевски и министерката Царовска, зборуваа за обезбедувањето на јавни услуги достапни за сите граѓани. На овој начин, потсетувајќи на заложбите за доближување на услугите што јавната администрација ги нуди, до граѓаните, го одбележаа и Меѓународниот ден на јавните услуги.

Министерот Манчевски се осврна на клучните принципи по кои се води Владата во своето работење, а тие се транспарентност и инклузивност во креирањето на политики и дигитализација на администрацијата.

„Во изминатата година превзедовме голем број на мерки и активности, во правец на вклучување на сите засегнати страни во започнатите процеси како и целосно информирање на јавноста за превземените активности. Во тој правец, беше одлуката за се зголеми бројот на денови за коменитрање на ЕНЕР, од 10 на 20 дена, со цел оставање на поголем простор за вклучување на граѓанските организации, академијата, бизнис заедницата и граѓаните при донесувањето на нови закони, измени на закони...Пример за вклучувањето на сите засегнати страни во креирањето на политики е изработката на сите стратегии на кои работеше и работи МИОА во моментов. Тоа се Стратегијата за реформа во јавната администрација, стратегијата за широкопојасен интернет, за отворени податоци и за сајбер безбедност“, истакна министерот Манчевски.

Што се однесува на зголемување на квалитетот и достапноста на јавните услуги, министерот Манчевски информираше за националниот портал за е-услуги, проектот „“Една точка за услуги“ и проектот за креирање на електронски идентитет на граѓаните.

„Сите овие проекти имаат една цел, а тоа е преку можностите што ги нуди дигитализацијата да ги донесеме услугите до граѓаните. Да го подобриме квалитетот и сликата за јавната администрација, како сервис во служба на граѓаните. Само кога граѓаните ќе ги имаат сите информации за работењето на институциите и ќе бидат вклучени во сите процеси, саом тогаш ќе имаме политики и мерки кои одговараат на потребите на сите граѓани“, заклучи министерот Манчевски.

Министерката Царовска зборуваше за заложбите и активностите на министерството за труд и социјална политика во однос на пристапноста до јавните услуги за сите категории на граѓани.

“Оваа Влада е целосно посветена на остварување на Целите за оддржлив развој. Наша крајна цел е да изградиме хумано општество на просперитет и благостојба за сите граѓани и никој да не биде изоставен. Само со обезбедување на добри услови за живот, достоинствен приход и квалитетни услуги, може да се надеваме на одржлив развој. Работиме интензивно на проширување ма мрежата на градинки, особено во руралните средини, воведување нови услуги на локално ниво како персонална асистенција, пилотирање на младинската гаранција и целосно реформирање на системот за социјална заштита”.

Министерката Царовска се осврна и на родовата еднаквост како клучен предуслов за равој на еднакво и демократко општество.

“Родовата еднаквост е моја лична заложба и програмска цел на Владата на Република Македонија. Преземавме значајни чекори во насока на искоренување на сиромаштијата кај жените. Со промена на законот за минимална плата се намалува разликата во платите меѓу мажите и жените. Ја ратификуваме Истанбулската конвенција за борба и заштита од сите видови на насилство врз жените и семејното насилство”

притисни ентер