Го криеше и лицето , а сега се откри (ГАЛЕРИЈА)

Светски познатата пејачка Сиа со години го крие лицето со предолгите шишки и се покрива со облека , но случајно откри многу повеќе .
Пејачката , која не го покажуваше ниту лицето , сакајќи да ја насочи публиката кон нејзиниот глас , се појави на социјалните мрежи речиси гола. Нејзината козметичарка ја сликала за време на третманот во наметка , кога ненадејно и излегле градиите на Сиа.

Стилистката  ја објавила сликата на социјалните мрежи , а во пораката се извинила за инцидентот.

Инаку Сиа е сликана во салонот , додека се подготвува за режија на својот прв филм ,,Сестри “ во кои глумат Кејт Хадсон и Меди Зиглер.

Повеќе од четвртина од јапонските работници сакат да ги убијат своите шефови

Анкетата што ја спроведе јапонската организација ,,Ширабе” покажала дека 27 проценти од работниците барем еднаш помислиле да ги убијат своите шефови.

Анкетата што ја објавија јапонските медиуми го открива стресот на кој се изложени работниците на работното место. Тие се изјасниле дека барем еднаш во животот им поминала мисла да се справат со шефот. Вкупно 27 проценти од испитаните 1006 работници , мажи и жени на возраст од 20 до 60 години се изјасниле дека имале убиствени намери кон надредените .

Ова особено било изразено кај помладите , кои секојдневно се на удар на строгите норми во работењето на компаниите. ,, Никогаш не би убил некого , но можам да разберам зошто толку многу луѓе се доведени до работ поради начинот на кој со нив се однесуваат компаниите “ , изјавува за британски Телеграф преведувачот Мајао Шибата.

Холивудската ѕвезда го подготвува своето новороденче за на Мундијал

Холивудската ѕвезда , Ева Лонгрија го подготви своето новороденче , старо седум дена за на Мундијал.

Лонгрија , која се породи минатата недела , при крајот на бременоста беше гласен навивач на своето родно Мексико. Таа денеска го облече дури синчето кое има само седум дена во националните бои на својата родна земја , подготвен да навива со мајка си. Така Сантијаго стана еден од најпопуларните , но и најмлади навивачи на Мексико.

Ева на Инстаграм објави фотографија од своето синче облечено во дрес со порака ,,Санти “ и бројот 8.

Меѓу стотиците коментари е и оној од Девид Бекам , кој напиша ,,Најдобра фотографија. Толку сум среќен за вас. Одлична фотографија и горд момент.”

Тивка војна меѓу кралските снаи – Кејт веќе не и помага на Меган

Кејт Мидлтон решила веќе да не и помага со совети на својата јатрва , Меган Маркл.

Како што пишуваат британските таблоиди , Кејт Мидлтон решила веќе да не и помага на Меган Маркл со совети за однесување при кралските церемонии. Доказ за тоа е и последниот инцидент , кога Меган се појави на балконот на Бакингамската палата со голи рамења, што не е според протоколот.

Од друга страна , Меган со сите сили се обидува што повеќе да и се приближи на кралицата Елизабета. Според таблоидите , кои се повикуваат наизвори блиски до кралското семејство , принцовите Вилијам и Хари се сосем рамнодушни на ваквиот натпреварувачки однос меѓу нивните сопруги.

притисни ентер