Промовиран зборник на најзначајните говори на Путин

„Зборови што го менуваат светот“ - зборник од цитати на рускиот претседател Владимир Путин преведени на македонски јазик објави издавачката куќа „Ѓурѓа“ која денеска ја промовираше книгата во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.

Книгата е компилација на 19 статии и говори од меѓународни конференции и јавни настапи на рускиот претседател, почнувајќи и завршувајќи со неговите обраќања на Генералното собрание на Обединетите нации во 2003 и 2015 година. Книгата досега е преведена на повеќе јазици, меѓу кои и на англиски и кинески.

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак истакна дека Русија застапена од нејзиниот претседател на светот му предлага поправедни, пофер и повизионерски одлуки отколку тие што се предложени од западниот политички врв.

- Во светот на кој Западот му ги наметнува своите лажни вредности, практиката на двојни стандарди, незаконските санкции, грубата употреба на сила и презирот кон меѓународното право, многу политичари и експерти кои мислат објективно, јавно признаваат дека да се слушнаа во Вашингтон и Брисел прогнозите и предупредувањата на Владимир Путин од Безбедносната конференција во Минхен во февруари 2007 година, светот ќе беше поинаков - помирен, постабилен и попросперитетен, рече рускиот амбасадор.

Додаде дека претседателот на неговата земја има вештина која е ретка кај денешните политичари - трезвено да ја процени сегашноста и да ја согледа иднината, да има храброст да говори чесно и отворено и, како што рече, да излезе од рамките на деструктивниот мејнстрим и да предложи позитивна агенда и избалансирани решенија.

Промоторот на книгата и автор на предговорот Емилија Гелева рече дека нема подобар наслов за книга што го отсликува вистинското дело на Путин кој, рече, го смени текот на светската геополитичка историја.

- Се поголем е бројот на приврзаници и поддржувачи на Владимир Путин кои ја разбираат неговата борба да го трансформира светот од свет на англоамерикански хегемонизам во мултиполарен со поставување рамнотежа во односите меѓу народите, рече меѓу другото Гелева.

„Зборови што го менуваат светот“ е прва книга во новата едиција „Сиот свет е сцена“ која издавачката куќа „Ѓурѓа“ ја воведе годинава по повод 30 години од своето постоење. Во неа ќе објавува наслови од и за истакнати актуелни политичари од цел свет, личности кои со своето водство го менуваат современиот свет. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

Од петок постепена стабилизација на времето

Невообичаено топлите времелетни температури нагло се заменија со ладни и дождливи денови.

Во наредните 2 дена ќе владеат врнежи, на некои места ќе бидат поројни, а планинските предели ќе добијат уште една мала снежна покривка, предупредуваат од УХМР. Оние кои планирале прошетка претсојниот викенд не треба да се грижат, тмурните облаци ќе се расчистат, а вистинската пролет, со умерени температури веќе при крајот на неделата ќе пристигне во Македонија.

-Веќе од петок ќе имаме постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува во петок претежно стабилно, веќе и потопло време, а од деновите од викендот со максимални температури кои ќе бидат во интервал од 18 па се до 26 степени.-УХМР

Сепак ваквото време во претстојните два дена го вклучи и алармот кај ЦУК. Од таму ги предупредуваат граѓаните да внимаваат на магистранлните и регионални патишта поради одрони од карпи, како и на прилагодување на брзината поради мокри патишта. Воедно, граѓаните да избегнуваат суводолици порадо можност од нагло надоаѓање на вода, а и одводните канали треба да бидат чисти и проточни, наместо да се создаваат брани од ѓубре...

-Истовремено да се внимава на работите што можат буквално, како велиме, да одлетаат од градбите во населбите и особено што се од градбите во изградба, градилиштата, треба да се обезбедат практично сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓето кои што се во околината. Ако се престојува на планина пак препорачливо е да се има доволно гориво во возилата и да се внимава на планинските патишта, конкретно на лизгавостаи на проодноста на патот особено ако не е асфалт. – Илија Бојаровски – ЦУК

Според хидролозите, не постои закана и опасност од излевање кај поголемите реки и сливови, но и тие упатуваат на внимателност кај суводолиците и помалите сливови, како и кај атмосферските канализации кои се во опасност од запушување. Сепак, уверуваат, дека дождливото време во овој период е повеќе од добредојдено.

притисни ентер