Кој од директорите на 30 те државни фирми ќе се извлече од срамната листа на недомаќинско работење?

Утре е денот „Д“ за триесетте компании кај кои владата утврди недомаќинско работење. На колегиум закажан за претпладнето, ќе се отвори фасциклата за да се провери колку од нив го испочитувале дополнително дадениот рок и приложиле точни финансиски извештаи- потврди за Канал 5 генералниот секретар на владата Рашковски.
Компаниите кои не приложиле издржани финансиски извештаи или воопшто не приложиле дополнителни објаснувања кон претходно доставените финансиски извештаи кај кои биле утврдени бројни штелувања на податоците, на врата ќе им затропа финансиската инспекција.

Таа и пред овој рок  веќе работи во градскиот трговски центар во чиј извештај не можеле да се поклопат околу  милион и осумстотини илјади евра.
Меѓу триесетте компании кои се најдоа на неславната листа на државни фирми со недомаќинско работење, се Македонски железници, Спортско-рекреативниот центар Борис Трајковски, МТВ, Агенцијата за филм.

На повеќето од екс директорите на овие фирми, телефоните им останаа неми.
Единствено се огласи поранешната директорка на Агенцијата за филм Мими Ѓорговска Илиевска која за ова рече,  била известена од медиумите, притоа тврдејќи дека финансискиот извештај на Агенцијата за филм за време на нејзиното директорување односно за првото шестмесечје од годинава, бил апсолутно коректен и согласен со планот за работа.

Ако триесетте државни фирми до  утре не достават уредни извештаи, според законот директорите за чие време се направени незаконските дејанија, освен што ќе се соочат со кривична одговорност ќе треба и да ги вратат парите.

Инаку во првично доставените финансиски извештаи бил утврден голем неред за тоа каде и на кој начин биле трошени парите. Се плаќале интелектуални и адвокатски услуги со десетици илјади евра. Се прикажувало драстично трошење на нафта за иста релација, а така било и со киловатчасовите за електрична енергија и со телефонски импулси.

Трошењето на државна репрезентација се фингирало како потрошена струја или за телефон. Сето ова ја навело владата да ги прочешла недомаќинските трошења во триесетината јавни фирми, кај кои бил утврден хаос како горенаведениот. Останатите 70 државни фирми имале уредни финансиски извештаи. 

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер