Дебата: Подобро известување за изборите, но и говор на омраза и црна политичка кампања

Подобрување на начинот на известување на медиумите за време на изборите со поголема избалансираност, но и говор на омраза и црна политичка кампања од партиите, се забележани во пресрет на локалните избори, додека намалениот број на напади врз новинари не може да биде гарант за слобода на говор.
Тоа беше посочено на денешната дебата „Известувањето на медиумите во изборна кампања, искуства и предизвици“ во организација на Здружението на новинари на Македонија и граѓанската организација Онлимит медиа.

Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски посочи дека подобрувањето во однос на медиумското известување без поголеми законски промени во однос на претходните изборни циклуси, покажува дека медиумите имаат капацитет и волја за тоа.

- Само кај еден медиум постои неизбалансираност, а кај сите други има доследно почитување. Во изминатите 70 дена поднесена е само една прекршочна постапка за небалансираност против ТВ Алфа, како и пет-шест претставки за техничко непочитување на политичкото рекламирање и објавувањето на анкети, изјави Трајчевски.

Џабир Дерала од Цивил посочи дека наместо да се информираат, луѓето се контаминираат со омраза преку медиумите и постојат сериозни забелешки за однесувањето на судовите.

- Контролата на медиумите предизвика сериозен пад на политичката култура и тоа не може да се промени со еден – два извештаи без коренити промени. Таквите политики не може да опстанат без поддршка од судовите. Голем дел од насилствата кои се случуваат се поттикнати од говорот на омраза што се случува во медиумите. Нема ништо да направиме без навремена судска реакција и активирање на регулаторите, рече Дерала.
Посочи дека квалитетот на медиумите опаѓа пропорционално со квантитетот на говорот на омраза.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека постои тренд на намалување на нападите врз новинарите и сега не е забележан ниту еден физички напад врз новинар.

- Полицијата почна сериозно да ги истражува нападите, но загрижува фактот дека од 54 напади ниту еден напаѓач не е правосудно процесуиран. Тоа покажува јасна политика на неказнивост. Само 10 случаи се целосно истражени и поднесени се пет пријави. Со политиката на неказнивост не можеме да очекуваме подобрување на слобода на говорот, истакна Насер Селмани. 

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер