Грк роден во Македонија учесник во најдолгата заложничка драма во Европа

Најдолгата заложничка драма во Грција, а веројатно и во Европа, имаше среќен крај за киднапираниот грчки бизнисмен од Крит, Михалис Лембидакис, а во целиот случај вмешан е и 40 годишниот Василис Георгиадис, роден во Македонија, а со живеалиште во Солун. Требало да добие 100 илјади евра за неговата „работа“.
Вкупно 186 дена, односно 6 месеци, на 5 различни скривалишта, од 30 март до 2 октомври криминална група по киднапирањето го држеше во заложништво грчкиот бизнисмен Михалис Лембидакис на островот Крит. Бараше од семејството откуп кој започна од 100 милини евра, падна на 70, па на 30 и на крај на 18 милиони евра. Грчката полиција, го ослободи Лембидакис, а уапси 7 лица – меѓу нив е и еден Грк роден во Македонија - 40 годишниот Василис Георгиадис. Поради неговото потекло, членовите на криминалната група го нарекувале Скопјанос односно Скопјанецот, а задачата што ја имал  била да чува стража пред гаражата каде што грчката полиција го пронајде и ослободи бизнисменот.  Според критските медиуми, при сослушувањето, Гркот со македонско потекло рекол дека еден од киднаперите го убедил од Солун да замине за Крит да помогне 15-20 дена и му ветил дека ќе добие 100 илјади евра и кралски одмор во вила со базен.  На криминалната група и се приклучил подоцна,според неговиот адвокат, во последните 2 седмици од заложништвото, а 40 годишниот Василис Георгиадис, роден во Македонија, според грчките медиуми, на 9 годишна возраст заедно со неговите родители се преселиле во Солун.

„Она што имам да кажам е дека како што произлегува и од материјалите од прелиминарната истрага, но и од сослушувањето, неговото учество е чисто за да помогне и започнува од 18 септември односно вкупно 14 дена. “ – вели Минос Апостолакис, адвокатот на 40 годишниот Георгиадис.

Гркот со македонско потекло или Скопјанецот, чувал стража, но имал и директни контакти со киднапираниот, како на пример, да му даде далечински управувач за телевизорот, да пушти гласно радио или да вклучи вентилатор во случај бизнисменот да сакал да повика помош . Според грчките медиуми, 3 телефонски повици на 40 годишниот чувар до еден од киднаперите биле клучни за полицијата да ја открие гаражата во која се наоѓал Лембидакис.

Грчката полиција по наредба од јавен обвинител ги објави фотографиите и податоците на уапсените со цел граѓаните кои имаат некоја информација да помогнат во истрагата. Во целиот случај еден од уапсените ја вмешал и неговата 16 годишна ќерка која беше ослободена со одредени ограничувања. Седуммината уапсени, на кои им е одредена мерка притвор меѓу другото, се товарат за формирање, водење и учество во криминална организација која сторила повеќе кривични дела, за поседување оружје, за постигнување на економска корист од киднапирање и слично.

Грчките медиуми, го објавија сведочењето на Лембидакис, односно она што го раскажал пред полицајците веднаш по неговото ослободување.  Заложничката драма и пеколот за критскиот бизнисмен започнува на 30 март годинава  кога по патување во странство од аеродромот во градот Храклио на грчкиот остров Крит се упатил кон неговата компанија, а оттаму кон дома. На патот кон неговиот дом, го пресретнуваат киднаперите, го удираат неговото возило а со тоа го принудуваат да застане, му ставаат капа за да не гледа, го пренесуваат во едно од нивните возила и пристигнуваат во неговото прво од петте скривалишта. Таму останува месец и половина, во соба 3 на 3 метри квадратни со хемиски тоалет, кревет и телевизор, а за цело време едната рака му е врзана со синџир. Речиси идентична била сликата и во останатите „живеалишта„ на грчкиот бизнисмен се до неговото ослободување сменил 3 соби, една штала и гаража со стари автомобили каде што и упадна грчката полиција.

Телевизорот и весниците што ги добивал му помагале да дознае кој ден е, а започнал да води и дневник. Секојдневно добивал домашна и тазе зготвена храна, а пред полицајците рекол дека групата била добро организирана со чувари кои се менувале и носеле идентична облека. Од весниците се информирал за откупот што го барале киднаперите, износот кој првично бил 100 милиони евра, а подоцна „паднал“ на 18 милиони.  За 6 месечното заложништво само 3 пати се пресоблекол со алишта што му ги носеле, воопшто не видел сонце, а секојдневно му давале 0.5 до 1 милиграм дијазепам за да биде смирен. Самиот Лембидакис на полицајците, според грчките медиуми им рекол дека ослабел 17 килограми, но дека во ниеден момент киднаперите не биле насилни кон него.

До неговото семејство испраќал писма, кои ги пишувал по наредба на киднаперите, а споменувал важни семејни податоци или случувања во светот, за неговите да имаат доказ дека е жив. Едно од писмата го потпишал со капка крв.

Станува збор за една од најдолгите заложнички драми не само во Грција, туку и во Европа.

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

18 годишниот Дилион Конери останал слеп на двете очи откако бил на една забава во ноќен клуб кој како дел од забавата користел и пејнтбол пиштоли.

Клубот ветувал “луда забава“ до раните утриснки часови. Тие дури и напишале предупредување во кое се виели не го носете вашиот омилен фустан или кошула бидејќи ќе бидете обоени во разно бои од глава до петици. Во клубот можело да се купат и заштитни очила и заштитна облека.

Шпанската полиција го истражува случајот.

Погледнете како изгледаат забавите:

Момчето се лади во дневната, но девојката не е баш среќна поради тоа

Човекот си  нашол “идеално“ решение за летото.

Поради топлотниот бран во Британија многу луѓе мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат. Овој човек отишол чекор пред сите. Си го наполнил базенот во дневната соба и си ја игра својата омилена игра.

Кога неговата девојка се вратила од работа, останала зачудена.

Погледнете:

Затворен автопат во Британија за да можат патки да поминат

Автопатот бил затворен еден час за да можат патките сигурно да го поминат автопатот.

Возачите на автопатот М25 морале да чекаат еден час за да продолжат со своето патување бидејќи автопатот бил затворен од страна на полицијата за да можат 30 патки да го поминат автопатот сигурно.

притисни ентер