Убиена најпознатата британска „бела вдовица“

Најпознатата британска „бела вдовица“ Сели Џонс според засега официјално не потврдени извештаи е убиена во Сирија во напад на американските дронови.
Според британскиот „Индепендент“ американските разузнувачи им кажале на нивните колеги од МИ6 дека припадничката на екстремистичката терористичка Исламска држава Сели Џонс, кој во 2013 година од Кент заминала во Сирија за да се бори на страната на ИД е убиена во близина на границата на Сирија со Ирак.

Џонс загинала во нападите на американските дронови  во моментите кога го напуштала градот Рака, кој во моментов најголемото упортиште на терористите од ИД.

Британски „Сан“ кој прв ја пренесе оваа вест , тврди дека извештајот за смртта на „белата вдовица“ се криел од очите на јавноста  бидејќи наводно со неа е убиен и нејзиниот 12-годишен син Јојо.

Но, „Индепендент“ истакнува  дека досега секогаш било тешко да се потврди смртта на некој екстремист. 

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер