Земан: Тргнете го камерманот да не го убијам (ВИДЕО)

Чешкиот претседател Милош Земан предизвика лавина реакции , откако денеска му се закани на снимател .
Неговиот портпарол Јиржи Овчачек го правдаше испадот на претседателот со навреда кон Чешката телевизија велејќи дека снимателот сакал само да сними како се тетерави Земан .

Претседателот на Чешка со зборовите ,,Тргнете го тој камерман за да не го убиjам “ , уште еднаш ја покажа нетрпеливоста кон новинарските екипи .

Снимателот од пристојна далечина го снимал Земан во зградата на Советот на Европа во Стразбур како ја разгледува изложбата во чест на првиот претседател , Вацлав Хавел и револуцијата во 1989 – тата .

Портпаролот на Земан објасни дека претседателот се тетерави бидејќи поради шеќерната болест има заболување на нервите во нозете.

Претходно , Земан беше центар на интересот на медиумите , кога едвај одеше при изнесувањето на круната во Храдшчани , што медиумите го толкуваа како алкохолизирана состојба , а неговиот кабинет за вироза. 



Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер