Видео од убиствениот напад врз полубратот на Севернокорејскот лидер

На судењето во Куала Лумпур , каде се обвинети маж и жена за убиството на полубратот на Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун , беше прикажано видео од последните минути .
Ким Јонг Нам на 13 февруари почина откако беше нападнат на аеродромот во Куала Лумпур . Се гледа како бара помош од патниците на аертодромот , а потоа паѓа .

Виетнамката Доан Ти Хуонг , која се сомничи за убиство заедно со Индонезиецот Сити Асија , кои на аеродромот му се нафрлиле на полубратот на Ким  со ставање отровна течност на неговото лице.

Се гледа како жената му приоѓа од зад грб на Ким Јонг Нам , му ги става двете рацепреку лицето и со нервен гас го труе .

Потоа и двајцата бегаат кон тоалетите , каде си ги мијат рацете и заминуваат надвор од аеродромската зграда .

По само неколку минути , Ким умира . Во судницата и двајцата изјавиле дека не се каат за стореното дело .

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер