Меланија и порача на Ивана: Немој да се претставуваш како прва дама

Сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп и порача на неговата поранешна жена Ивана Трамп, брачното искуство да не го користи за сопствена промоција.
Таа се осврна на интервју Ивана Трамп на мрежата „ЕјБиСи“ во кои се промовираат својата книга „Одгледувањето на Трамп“, зборуваше за заедничкиот живот со Доналд Трамп, нарекувајќи се себе си прва дама, пренесува „Ројтерс“.

„Имам директен број од Белата куќа, но не сакам да се јавувам бидејќи Меланија е таму“, изјави Ивана, која му беше сопруга на Трамп од 1977. до 1999 година.

Таа додаде дека не сака да предизвикува љубомора или нешто слично.

„Зошто во суштина јас сум првата сопруга на Трамп. Океј? Јас сум првата дама, океј“ – наведе Ивана.

На оваа изјава реагираше и актуелната прва дама чија портпаролка издаде соопштение.

„Госпоѓата Трамп, Белата куќа ја направи дом за синот Барон и претседателот. Таа го сака животот во Вашингтон и поласкана е од улогата на прва дама на САД. Таа планира да ја користи својата титула и улога за помош на децата, а не за продажба на книги“ – изјавила во соопштението.

Како што се додава, Ивана Трамп сака со своите изјави да привлече внимание поради сопствена промоција.

Сакале да најдат совршено место за ,,Да” , а потоа доживеале ужас

Момче и девојка од Флорида биле на патување од соништата во Мексико , каде сакале да се венчат , но доживеале хорор.

Френк и Џенифер Масабки барале идеално место каде ќе се венчаат , но наместо романтика , биле нападнати , ограбени под закана со оружје и серионо претепани. Џенифер за малку ќе била силувана и заработила скршен нос , поради што понеколку дена завршила на операција. Откако успеале да побегбнат , отишле целите крвави во полициска станица во Мексико Сити.

Нападот почнал во такси , кога се качиле да се повозат низ градот за да најдат место за венчавка . По извесно време , во возилото влегле двајца вооружени , ги ограбиле и ги натерале да им дадат контакт во САД , за да се јават и да добијат откуп за нив.

Неколку часа ги држеле во заложништво и ги тепале. Кога се нафрлиле врз Џенифер за да ја силуваат , Френк успеал да се одврзе , избегал , а криминалците тргнале да го бркаат . Прво ја врзале Џенифер , но и таа некако се одврзала. Се качила на дрво, таму се скрила  и чекала да дојде Френк со полицајците.  

Откако дале изјави во полицијата , веднаш се вратиле на Флорида и биле сместени во болница.

Велат дека најмногу им помогнало тоа што биле во одлична физичка кондиција и што разбирале шпански , па знаеле кои се намерите на напаѓачите.

,, Конечно сум задоволна од своето тело”- актерката на 52 години се разголи

Актерката Брус Шилдс во својата 52 години позира во бикини.

Актерката и модел Брук Шилдс снимаше нова кампања за костими за капење и докажа дека изгледа се подобро. Ѕвездата на култниот филм ,,Сината лагуна “ успеала со текот на годината да ја задржи формата. Со височина од 182 сантиметри , импресивно затегнати стомачни мускули и долгите нозе, Брук беше првиот избор за поваа рекламна кампања.

Таа во изјава за магазинот Пипл вели дека конечно успеа да постигне самодоверба и дека сега е посигурна во себе отколку кога имала 20 тина години. ,, Со текот на времето успеав да постигнам самодоверба низ својата работа , моите страасти , мрежа на женски модели , но и мајчинството.

Во 52 година конечно се чуствувам гордо на самата себе. Можам да кажам дека се чуствувам сигурно во својата кожа , сакам да го покажам своето тело , а не да го кријам.”

Мајка во затвор – ја принудувала ќерка си да се мажи

Мајка од Британија е осудена на четири и пол години затвор поради тоа што ја принудувала ќерката на брак.

Жената од Бирмингем , на околу 40 годишна возраст ја принудувала својата 17 годишна ќерка во септември 2016 да оди во Пакистан и да се мажи. Девојката останала на 13 годишна возраст бремена од мажот , кој имал тогаш 29 години , што за мајката било прифатливо.

За Британското правосудство ова е прв случај решен во корист на злоупотребеното девојче. Судијата патрик Томас рекол дека девојчето било продадено за пасош.

Идентитетот на мајката и ќерката не се открива.

притисни ентер