Дарио Ивановски победник на уличната трка „Скопје трча 10 км“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на денешната улична трка „Скопје трча 10 км“. Тој ја оправда улогата фаворит и делницата од 10 километри ја истрча за 30:52 минути што е рекорд на улична трка во Македонија. Второто место му припадна на Муса Хајредини со време 32:34 минути, а трет беше Атанас Анчевски со време 33:44 минути.
- Пресреќен сум за освоеното првото место, особено што бев болен последните неколку денови. Организацијата беше феноменална и беше вистинско задоволство да се трча меѓу маса луѓе. Не го очекував тоа време, но како што вели мојот тренер Игор Јакимовски „кога е најтешко сме најдобри“, изјави победникот Ивановски, кој е воедно и победник на Скопскиот полумаратон оваа година.

Во женска конкуренција триумфираше Греша Бакрачи со време 40:00 минути, пред Весна Кираџиева која имаше резултат 41:28 минути, додека третото место и припадна на Биљана Кираџиева со време 43:10 минути.
- Одлична организација во што не се ни сомневав. Задоволна сум од мојот резултат бидејќи вчера трчав на друг натпревар и ова беше успешно завршен викенд, изјави Весна Кираџиева македонската шампионка во маратон.

Од штафетната трка најдобри беа 091 RUNCRW со 37:20 минути.

Околу 900 натпреварувачи го исполнија булевар „Илинден“ за Скопје трча 10КМ (Skopje Run 10K). Атмосферата беше исполнета со радост, забава и фер натпревар кој дефинитивно го одбележа спортскиот начин на живеење во Скопје.
 
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија и тие очекуваат Скопје трча 10КМ да прерасне во традиционален настан.

Генерален покровител на Скопје трча 10КМ е Агенција за млади и спорт, помогната од официјалните партнери и спонзори. Оваа трка е дел од календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС). 

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

18 годишниот Дилион Конери останал слеп на двете очи откако бил на една забава во ноќен клуб кој како дел од забавата користел и пејнтбол пиштоли.

Клубот ветувал “луда забава“ до раните утриснки часови. Тие дури и напишале предупредување во кое се виели не го носете вашиот омилен фустан или кошула бидејќи ќе бидете обоени во разно бои од глава до петици. Во клубот можело да се купат и заштитни очила и заштитна облека.

Шпанската полиција го истражува случајот.

Погледнете како изгледаат забавите:

Момчето се лади во дневната, но девојката не е баш среќна поради тоа

Човекот си  нашол “идеално“ решение за летото.

Поради топлотниот бран во Британија многу луѓе мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат. Овој човек отишол чекор пред сите. Си го наполнил базенот во дневната соба и си ја игра својата омилена игра.

Кога неговата девојка се вратила од работа, останала зачудена.

Погледнете:

Затворен автопат во Британија за да можат патки да поминат

Автопатот бил затворен еден час за да можат патките сигурно да го поминат автопатот.

Возачите на автопатот М25 морале да чекаат еден час за да продолжат со своето патување бидејќи автопатот бил затворен од страна на полицијата за да можат 30 патки да го поминат автопатот сигурно.

притисни ентер