Жарко Лаушевиќ - специјален гостин на „Киненова“

Фестивалот „Киненова“ во Скопје го донесе актерот Жарко Лаушевиќ, кому утре на отворањето во кино „Милениум“ ќе му биде врачено Специјално признание за особен придонес во филмската уметност. Тој е специјален гостин на второто издание на фестивалот кој промовира филмови на режисери-дебитанти и доаѓа директно од Америка.

- Голема чест ми е и задоволство што сум овде зашто и мојата кариера е обележана со работа со дебитанти. Жал ми е што поради обврски нема да го следам фестивалот, но се надевам дека за идното издание ќе бидам овде со филмот на младиот режисер Немања Ќераниќ „Воља синовљева“ што го снимавме во Бор, рече Лаушевиќ на прес-конференцијата. 

Со Македонија го поврзуваат и пријателството и соработката со режисерите Владимир Милчин и Слободан Унковски, со многу колеги актери, а се присети и на југословенско-аргетинската копродукција „Пат кон југ“, што во 1987 го снимале во скопско  Количани. Овие денови снима филм во село кај Јагодина според историската драма „Корени“ од Добрица Ќосиќ, а возбудливо, рече, е што по 24 години е повторно на театарската сцена - пред три дена се вратил од турнеја низ Канада и САД со ансамблот на претставата „Хедерсфилд“ на Југословенско драмско позориште. Лаушевиќ игра и во новиот филм „Сенки над Балканот“ (улога во ликот на малку познатата историска личност принц Ѓорѓе Караѓорѓевиќ) кој ќе има скопска премиера на затворањето на „Киненова“ на 11 октомври.

Поради животните околности Лаушевиќ на јавноста и стана познат и како писател кој објави две книги-дневници од годините поминати во затвор.- Тие две книги се за затворските искуства и за затворските сеќавања и тоа останаа се уште незавршено. Мислев ќе ја завршам третата книга оваа година, но подраго ми е што не ја завршувам поради овие, поубави обврски. Книгата може да почека. Ако биде добра, ќе биде добра и по две години, рече Лаушевиќ.
На новинсрско прашање одговори дека не очекувал толкав успех со своите книги. - Се поклопи со неколку фактори - долгото отсуство, љубопитството како тоа изгледа зад решетките, а можеби и некоја интрига - како е тоа кога некоја позната личност ќе западне во такви околности и што се случува тогаш. Веројатно тоа беше причината, рече Лаушевиќ.

Вториот фестивал „Киненова“ ќе биде отворен утревечер во „Милениум“ со проекција на филмот „Мажите не плачат“ на Ален Дрљевиќ, пред кој ќе биде скопската премиера на краткиот филм на „Крајот на времето“на Милчо Манчевски.

Покрај Лаушевиќ, на „Киненова“ ќе биде присутен уште едно познато име на југословенскиот филм - Горан Марковиќ кој ќе претседава со жирито, а ќе одржи и мастерклас. Во шесте фестивалски денови, до 11 октомври, ќе бидат прикажани десет филмови кои се прв и втор долгометражен филм на режисерот, во селекција на Марина Костова. хс/сд/16:13

Заврши трилатералната средба на Могерини со Тачи и Вучиќ

Во Брисел заврши средбата на шефицата на Европската дипломатија Федерика Могерини со претседателите на Србија и на Косово.

Пред заедничката средба , Могерини одвоено се сретна и разговараше со Александар Вучиќ и Хашим Тачи за надминување на проблемите меѓу Приштина и Косово. Во тек е повторно средба на Могерини со Вучиќ , а можно е во текот на вечерта да се одржи и состанок меѓу двајцата претседатели , за потоа сите тројца да имаат уште една рунда преговори. Како што јавуваат српските медиуми , по завршувањето на преговорите е најавена писмена изјава од Европската Комисија .

,, Договорено е сите проблеми да се решаваат на мирен начин , со взаемна почит. Тоа е многу важно за Србите на Косово , за сите граѓани на Србија . разговаравме за тоа да се фокусираме на дијалог , да покажеме дека можеме да разговараме и да поченме да ги решаваме отворените проблеми . Не сум преголем оптимист , но отворивме многу прашања ,”, изјави Вучиќ по средбата во Брисел.

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека состанокот бил тежок , но станува збор за решавање на стогодишен проблем. ,, Не сум наивен па да мислам дека веднаш ќе пронајдеме итно и магично решение за иднината . Не можеме да останеме жртви на горчливото минато , туку да гледаме кон иднината и придобивките за нашите земји и граѓани “ , рече Тачи кој очекува големи придобивки од ЕУ по нормализацијатан на односите со Србија.

Макрон на удар на јавноста поради фотографија со ЛГБТ група

Францускиот претседател Емануел Макрон е на удар на јавноста , откако денеска на социјалните мрежи беа објавени фотографиите со ЛГБТ музичка група во Елисејската палата.

Претседателот Макрон и неговата сопруга Брижит се фотографирале во Елисејската палата со дел од учениците на отворениот музички ден . На една од фотографиите претседателската двојка е во друштво со ЛГБТ музичка група . јавноста го обвинува за понижување на претседателската функција.

Меѓу најгласните критичари беа политичарите од десницата , како Мари ле Пен која го критикуваше Макрон з аначинот на кој се потсмева со местото каде вообичаено со високи почести се примаат странски државници.

Фотографијата била направена од шефот на протоколот на Брижит Макрон , а потоа објавена на социјалните мрежи . ,, Викајте ме господин претседател “ , напишаа иронично дел од пратениците , алудирајќи на пораката што Макрон им ја упати на младите да се однесуваат кон него со почит.

Најмногу коментари предизвика маицата на еден од музичарите , Киди Смајл на која пишуваше :,, Јас сум син на мигрант , црн сум и геј”.

Над 500 деца мигранти вратени на семејствата

Американското министерство за здравство соопшти дека 522 деца им се вратени на семејствата.

Сепак , над 2 000 деца без документи и натаму се одвоени од родителите во рамките на политикатаз а ригорозни мерки против илегалните мигранти . Претседателот Трамп одненадеж во средата го потпиша указот со кој се прекинува ваквата практика.

Систематското разделување на децата од родителите кои илегално ја минале границата меѓу Мексико и САД предизвика негодување не само во Америка , туку и во светот.

притисни ентер