Во Прилеп ќе се одржи 17. Меѓународен детски музички фестивал „Ѕвездички“

Деца од повеќе европски земји ќе учествуваат на Меѓународниот музички детски фестивал „Ѕвездички“ што на 7 и 8 октомври по 17-ти пат ќе се одржи во Прилеп.
- Оваа година е 17-та по ред и имаме покането 17 учесници кои што ќе ни донесат 17 нови детски хитови. Се надеваме дека публиката ќе успеее да го препознае најдобриот хит и дека ќе победи најдобрата детска песна, изјави Марјан Катароски, организатор на фестивалот.

Основна цел на фестивалот е да создаде пријателски врски помеѓу децата од различни етнички и верски средини и да ги стави во пракса принципите за заедничко живеење, меѓусебна толеранција и разбирање, како и надминување на културните разлики помеѓу децата од целиот свет. 

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

Тинејџер го изгубил видот на двете очи откако бил погоден со пејнтбол пиштол

18 годишниот Дилион Конери останал слеп на двете очи откако бил на една забава во ноќен клуб кој како дел од забавата користел и пејнтбол пиштоли.

Клубот ветувал “луда забава“ до раните утриснки часови. Тие дури и напишале предупредување во кое се виели не го носете вашиот омилен фустан или кошула бидејќи ќе бидете обоени во разно бои од глава до петици. Во клубот можело да се купат и заштитни очила и заштитна облека.

Шпанската полиција го истражува случајот.

Погледнете како изгледаат забавите:

Момчето се лади во дневната, но девојката не е баш среќна поради тоа

Човекот си  нашол “идеално“ решение за летото.

Поради топлотниот бран во Британија многу луѓе мораат да се снаоѓаат како знаат и умеат. Овој човек отишол чекор пред сите. Си го наполнил базенот во дневната соба и си ја игра својата омилена игра.

Кога неговата девојка се вратила од работа, останала зачудена.

Погледнете:

Затворен автопат во Британија за да можат патки да поминат

Автопатот бил затворен еден час за да можат патките сигурно да го поминат автопатот.

Возачите на автопатот М25 морале да чекаат еден час за да продолжат со своето патување бидејќи автопатот бил затворен од страна на полицијата за да можат 30 патки да го поминат автопатот сигурно.

притисни ентер