Собрани потписите за да продолжи постапката за референдум за 18 месечно породилно

Ќе се зголеми ли породилното отсуство на 18 месеци од досегашните 9.
Граѓанската иницијатива ,,450 породилно,,  денеска официјално објави  дека успеале да ги соберат 10 те илјади потписи за продолжување на постапката за измена на законот за породилното отсуство да се зголеми ,па така идните мајки 18 месеци по породувањето да можат да остануваат со своите бебиња.

Жените кои го иницираа барањето велат дека до вчера по затворањето на подрачните единици на ДИК добиле податоци дека се собрани 10 100 потписи од граѓани низ цела држава кои ги поддржуваат.

Следниот чекор им е потписите да ги достават до  Собранието и во рок од 30 дена да одлучи по иницијативата. Рокот тече од нареден вторник

Засе3гнати со отсуството се и бизнис секторот. Велат дека ги поддржуваат идните мајки за времетраењето , но не можат да прецизираат колку ќе биде возможно бизнисот да биде незасегнат од 18 месечното отсуство на работничката.

ОД министерството за труд и социјална политика пак децидни:

Мислењето на министерството но и според мислењето на работодавачите кои го искажаа своето мислење на јавната расправа, долго отсуство од работа, може да ги дестимулира работодавачите да вработуваат работнички со семејни обврски и дополнително да ја влоши состојбата со вклучување на младите на пазарот на трудот, а од друга страна да придонесе кон губење на работните навики на работничките коишто го користат отсуството.

Влада: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Регулаторна комисија за енергетика ќе добие нов претседател.

Владата го предложи Марко Бислимовски да ја предводи главната функција на ова регулаторно тело.

Бислимовски и досега работеше во комисијата како советник и во јавноста важи за професионалец во енергетската област. Од владата уверуваат дека ќе таков ќе биде и како претседател.

Освен Бислимовски, Владата како комисионери ги предлага Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, исто, досегашен член на Комисијата

Надлежностите и независноста на Регулаторна беа жестока тема на расправа при донесувањето на Законот за енергетика. Опозицијата обвинуваше дека Владата ја нарушува независноста на ова тело, а власта тврдеше дека наместо професионалци со комисијата раководат партиски кадри.

Познавачите на проблематика, оценуваат дека сепак тешка ќе биде битката за независност на РКЕ.

Прв човек на Регулаторна од 2009тата до сега беше Димитар Петров, кој често беше обвинуван поради неговата партиската припадност.

Платите на членовите на Регулаторна комисија се движат околу 1 500 евра.

Мандатот на претседателот и членовите е 5 години со право на реизбор.

Нова пречистителна станица за третман на отпадни води во Кичево

Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води изградена со европски пари.

Со тоа трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители.

Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Вкупната вредност изнесува 8,3 милиони евра.

притисни ентер