Изложба за американската мисионерка Мери Метјус

Завод и Музеј Битола вечер ќе ја отвори изложбата „Мери Л. Метјус и Американското училиште за девојки во Битола 1888-1920“ која ја организира Пеги Хенсон, внука на Мери Метјус. Изложбата содржи историски документи и фотографии, сопственост на нејзината фамилија. Тие се хронолошки приказ на животот на Мери Метјус како мисионерка во Американското училиште за девојки во Битола.

- Преку нејзините дневници, писма и фотографии, Мери Метјус ги прикажува, од прва рака, настаните во и околу Битола за време на нејзиниот триесет и двегодишен престој во градот. Таа била сведок на последните години на Отоманското владеење, Младотурската револуција, Балканските војни и Првата светска војна. За време на овој период, Американското училиште за девојки било институција која непрекинато работела во Битола, тука се одржувале часови по англиски и македонски јазик на девојки од различно етничко потекло и било главно американско претставништво во Битола, соопшти Завод и Музеј Битола.

Мери Метјус предавала во училиштето и го надгледувала сиропиталиштето во периодот по Илинденското востание, се грижела за нејзините ученици и учители и успеала да ги одржи во добра здравствена состојба за време на големиот број на епидемии. Им помогнала на многу луѓе, им помагала на бегалците, и била во координација со англиските и фанцуските генерали за време на Првата светска војна.

- За време на Првата светска војна била единствениот американски граѓанин во Битола. Била колешка со Мис Стон, која станала славна по нејзиното киднапирање во 1901, учела јазик кај Герасим Кирјаз, кој учествувал во составувањето на модерната албанска азбука. Британката Кетрин Харлеј била убиена од германска граната во 1917, додека пиела чај со Мери Метјус. Мери Метјус ја сакала Битола и ја чувствувала како свој дом, наведува Завод и Музеј Битола.

Изложбата ќе биде поставена до 15 октомври 2017 и посетителите ќе имаат можност да видат голем број фотографии и документи, благодарение на Mount Holyoke College од Јужен Хедли, Масачусетс, САД./МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер