Поранешна германска актерка го обвини Роман Полански за силување

За електронското издание на “Њујорк тајмс”, 61-годишната поранешна германска актерка Ренате Лангер тврди дека Полански ја силувал кога имала 15 години.
Тој наводно прво ја силувал во неговиот дом во Гштад, и потоа еден месец подоцна во Рим каде имала мала улога во неговиот филм „Che”.

Лангер е четврта жена што го обвинува Полански за сексуално насилство.

Според поранешната актерка, таа кажува што се случило сега, бидејќи не сакала нејзините родители тогаш да знаат за тоа, а од неодамна тие биле починати.

Според Њујорк тајмс, Лангер пријавила се во  швајцарската полиција, каде што сега ја испитуваат можноста за отпочнување на кривично дело.

Во Швајцарија не постои закон за истекување на рокови ако случајот е силување за малолетници, пишува весникот.

84-годишниот Полански е на листата на лица кои ги бара Интерпол од 1977 година, кога судот во САД го прогласи за виновен за заведување на Саманта Гејмер која во моментот на злосторството имала 13 години.

Режисерот  постигнал договор со истрагата и бил 42 дена во затвор.

Потоа бил ослободен, но судијата последователно го повикал обвинителството да го  побара Полански  за да биде осуден на 50 години затвор.

Режисерот потоа избегал во Европа.

Во септември 2009 година Полански, кој има полско и француско државјанство, беше задржан во швајцарскиот град Цирих по барање на американските власти.

По десет месеци домашен притвор режисерот беше ослободен со кауција од 4,5 милиони долари, а една година подоцна Министерството за правда на Швајцарија одлучи да го одбие барањето на САД за екстрадиција на Полански и конечно  го ослободи.

Во јануари 2015 година, САД испратија барање за екстрадиција на режисерот од Полска, но окружниот суд во Краков исто ја одби.

Во пресудата се наведува дека Полански веќе го издржал терминот што му бил наметнат во договорот со американската правда.

Овде живеат само богаташи, а не смеат да си заминат (видео)

Жителите на милионерската утопија изградена која се протега неколку километри живеат како “бубрег во лој“, но не смеат да разговараат со медиумите ниту да го напуштат селото.

Селото Хуакси во Кина претставува вистинска мистерија, тоа најбогатото место во Кина и за мнозинството граѓани на оваа земја тоа е своевиден комунистички рај.

Најпознато е по ужасно високиот животен стандард, ова место се одвојува од остатокот на Кина и за 55 години се претворило од рурално зафрлено место во вистински мал луксуз.
 

Сепак, како се збогатиле и како ги трошат парите, се информации до кои не може лесно да се дојде – бидејќи на жителите на Хуакси им е забрането да разговараат со медиумите, ретко и меѓусебно разговараат, а дури им е забрането и да го напуштат – бидејќи ако го напуштат селото губат се дотогаш што стекнале и остануваат без ништо.

Кон крајот на педесеттите години на минатиот век селото Хуакси имало само околу 600 жители, а расцутот го овозможил Ву Ренбао, некогашниот секретар на Комунистичката партија кој развил план за збогатување, па основал повеќе од 12 фирми, поттикнал работа со сировини како алуминиумот.

Хуакси се наоѓа во провинцијата Јуангсу познато и под името “Првото село под небото“, а денеска има околу 2000 регистрирани жители кои живеат во идентични вили изградени по примерот на странските, но и сите наводно имаат по 250 илјади долари во банка.

 

Макрон кон тинејџер: Обраќај ми се со претседателе, господине, а не со “Ману“ (видео)

Видео снимката во која францускиот претседател Емануел Макрон строго го прекорува тинејџерот кој му се обратил со прекарот брзо се прошири низ социјалните мрежи.

Момчето на вчерашната свеченост по повод 78 годишнината од повикот на Шарл де Гол на вооружен отпор спрема нацистите му се обрати на Маркон со зборовите: „Како си Ману?“.

Макрон му одговори: „Обраќај ми се со господине претседателе на Републиката или господине“.

„На денот кога ќе сакаш да започнеш револуција, стекни диплома и научи да се прехрануваш, ОК? Тогаш може да им држиш лекции на другите“ – додал претседателот на Франција.

Макрон на својот твитер налог ја постави снимката, што денеска предизвика бројни коментари.

Некои го критикуваа францускиот претседател дека е арогантен, додека други го одобруваат неговото барање за почитување.

 


 

Човек нападнал мечок за да го спаси кучето....

„Нашата порака гласи: Апсолутно никогаш немојте тоа да го правите!“ – соопштуваат официјалните лица од канадскиот Национален парк Џаспер.

А “ова“ се однесува на инцидентот од 16 мај, кога човек скокнал врз американска црн мечок во обид да го спаси своето куче, кое искочило од прозорецот на неговиот автомобил и почнало да лае на дивото животно.

Мечокот потоа го нападнал несреќното куче, кое од неговите канџи не успеало да се извлече живо.

Сопственикот кој во обид да го спаси својот миленик, се приближил до мечокот и скокнал врз него во обид да го истера, за среќа, успеал да се извлече жив. Дури поминал и без гребнатинки!

Експертот на Националниот парк за комуникација со дивите животни, Стив Малком објаснува дека сопственикот на кучето има голема среќа и оти го спасило “фиксирањето врз пленот“.

„Мислам дека момчето успеало да го фати мечокот во момент додека се уште во целост не го усмртил кучето. Мечокот бил фокусиран на кучето, па дури потоа размислувал за сопствената одбрана“ – изјави Малком.

Тој наведува дека ова е прв случај на некој да му успее да се спаси од канџите на мечокот на ваков начин.


 

притисни ентер