Елегантната Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез во последно време не се одвојува од две работи. Од своето маркантно момче, поранешната бејзбол ѕвезда Алекс Родригез и од диоптриските очила со црна рамка .
„Жешката“ Џеј Ло откако е среќно заљубена веќе неколку месеци, нејзиниот стил стана се посериозен и по елегантен. Но, едно е сигурно на латино дивата се и стои совршено, ваквиот имиџ посебно.

Атрактивната Лопез со своето момче е фатена од папараците во Лос Анџелес во елегантно издание, во зелен фустан со  чанта во иста боја  и чевли  со црно златни потпетици. 

Овде живеат само богаташи, а не смеат да си заминат (видео)

Жителите на милионерската утопија изградена која се протега неколку километри живеат како “бубрег во лој“, но не смеат да разговараат со медиумите ниту да го напуштат селото.

Селото Хуакси во Кина претставува вистинска мистерија, тоа најбогатото место во Кина и за мнозинството граѓани на оваа земја тоа е своевиден комунистички рај.

Најпознато е по ужасно високиот животен стандард, ова место се одвојува од остатокот на Кина и за 55 години се претворило од рурално зафрлено место во вистински мал луксуз.
 

Сепак, како се збогатиле и како ги трошат парите, се информации до кои не може лесно да се дојде – бидејќи на жителите на Хуакси им е забрането да разговараат со медиумите, ретко и меѓусебно разговараат, а дури им е забрането и да го напуштат – бидејќи ако го напуштат селото губат се дотогаш што стекнале и остануваат без ништо.

Кон крајот на педесеттите години на минатиот век селото Хуакси имало само околу 600 жители, а расцутот го овозможил Ву Ренбао, некогашниот секретар на Комунистичката партија кој развил план за збогатување, па основал повеќе од 12 фирми, поттикнал работа со сировини како алуминиумот.

Хуакси се наоѓа во провинцијата Јуангсу познато и под името “Првото село под небото“, а денеска има околу 2000 регистрирани жители кои живеат во идентични вили изградени по примерот на странските, но и сите наводно имаат по 250 илјади долари во банка.

 

Макрон кон тинејџер: Обраќај ми се со претседателе, господине, а не со “Ману“ (видео)

Видео снимката во која францускиот претседател Емануел Макрон строго го прекорува тинејџерот кој му се обратил со прекарот брзо се прошири низ социјалните мрежи.

Момчето на вчерашната свеченост по повод 78 годишнината од повикот на Шарл де Гол на вооружен отпор спрема нацистите му се обрати на Маркон со зборовите: „Како си Ману?“.

Макрон му одговори: „Обраќај ми се со господине претседателе на Републиката или господине“.

„На денот кога ќе сакаш да започнеш револуција, стекни диплома и научи да се прехрануваш, ОК? Тогаш може да им држиш лекции на другите“ – додал претседателот на Франција.

Макрон на својот твитер налог ја постави снимката, што денеска предизвика бројни коментари.

Некои го критикуваа францускиот претседател дека е арогантен, додека други го одобруваат неговото барање за почитување.

 


 

Човек нападнал мечок за да го спаси кучето....

„Нашата порака гласи: Апсолутно никогаш немојте тоа да го правите!“ – соопштуваат официјалните лица од канадскиот Национален парк Џаспер.

А “ова“ се однесува на инцидентот од 16 мај, кога човек скокнал врз американска црн мечок во обид да го спаси своето куче, кое искочило од прозорецот на неговиот автомобил и почнало да лае на дивото животно.

Мечокот потоа го нападнал несреќното куче, кое од неговите канџи не успеало да се извлече живо.

Сопственикот кој во обид да го спаси својот миленик, се приближил до мечокот и скокнал врз него во обид да го истера, за среќа, успеал да се извлече жив. Дури поминал и без гребнатинки!

Експертот на Националниот парк за комуникација со дивите животни, Стив Малком објаснува дека сопственикот на кучето има голема среќа и оти го спасило “фиксирањето врз пленот“.

„Мислам дека момчето успеало да го фати мечокот во момент додека се уште во целост не го усмртил кучето. Мечокот бил фокусиран на кучето, па дури потоа размислувал за сопствената одбрана“ – изјави Малком.

Тој наведува дека ова е прв случај на некој да му успее да се спаси од канџите на мечокот на ваков начин.


 

притисни ентер